На 23 мај, Власите низ цела Македонија го прославуваат својот национален празник кој го симболизира постоењето на влашкиот народ ширум нашата држава. Власите се заедница која според последниот попис спроведен оваа година, брои 0,34 отсто од вкупниот број попишани граѓани. Според законот за празници спроведен во 2007 година, 23 Мај е признат за национален ден на Власите, а воедно е државен празник и неработен ден за припадниците на влашката заедница.

282106207 421133276473341 2150746629259185898 n

Власите за прв пат биле признати како народ со потпишувањето на ирадето, на 22 мај 1905 година, од страна на султанот Абдулхамит Втори, а бил прославен за прв пат, на 23 мај 1906 година. Од тогаш, па се до денес, 23 Мај се прославува и одбележува во чест на постоњето и признавањето на влашкиот народ, јазикот, но и влашката култура. Денес Власите во Македонија присутни се во повеќе гранки и желбата за понатамошен развиток е забележителна во културната, медиумската, политичката и економската сцена.

Денес влашкото друштво и влашката заедница како од Битола, така и од останатите градови во Македонија, им овозможуваат на младите разновидни можности за развивање во одделот на образованието и едукацијата на високо рангирани универзитети како во Македонија, така и во странските земји.

За оваа пригода имавме можност да поразговараме со Стерјо Папули од Скопје, кој оваа година беше избран за заменик претседател на Партијата на Власите, на петтиот конгрес, одржан на 09.04.2022.

281587943 580848190248557 8830474630507198822 n

„Националниот ден на Власите е најважниот ден за истите на Балканскиот полуостров. Денес Власите исто како и своите предци се лојални граѓани на својата татковина, создаваат и работат за нејзините интереси и се нераскинлив дел од македонската нација. Една пикантерија: На новогодишната прослава во 1942 година во куќата на познатиот Влав/партизан Сотир Шута, во Струга за првпат е испеана македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“. Да го чуваме и говориме јазикот, повеќе да придонесуваме за развој на истиот, затоа што немаш јазик-немаш идентитет. Честит нека е овој светол ден. За многу години” – изјави Стерјо Папули, заменик претседател на влашката партија.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…