Дарот од Бога – Пелистер, својата убавина ја има перфекционирано со Божјата благородност што нашиот народ отсекогаш знаел да ја даде. Со поглед на Преспанското езеро, каде целото езеро се гледа како и двата острови кои кои се на дофат, пред 400 и нешто години во чест на Мајката Богородица, и покрај катастрофалните услови за нашиот народ е изграден еден ретко убав бисер – манастир којшто го одзема здивот!
Во овој 21 век, ние модерните жени, убаво би било да нурнеме во истражување на моралниот и духовниот живот на Марија, Мајката Божја. Секоја умна жена може да црпи инспирција, односно да ѝ биде вистински пример за женственост – Марија, онаа во чија утроба се воплоти Христос – Спасителот на светот.
Зошто? Жената – мајката е огледало и портал меѓу вселената и овој свет „А, Бог, толку многу го љубеше светот што го даде својот Единороден Син, за секој којшто верува во Него да биде спасен“. Додека жените раѓаат Господ сè уште верува во човечкиот род.
Денеска православните христијани го слават раѓањето на Пресвета Богородица. Ја замислувам радоста на нејзините родители, Ана и Јоаким кои ја добија Марија во нивната старост. Пресвета Богородица е вистински пример за колку може да биде длабока мајчинската љубов. Секоја мајка е подготвена да направи сè за да го спаси своето дете – но според промислата Божја, кога Таа треба најмногу да направи за своето дете, Таа е немоќна, иако знаеше дека ќе го роди Христос, знаеше дека Тој ќе пострада за да го спаси светот, иако Таа цел живот беше поучувана и подготвувана за Богородица, сепак мајчинскиот профил ѝ е доминантен, па затоа Христос од крстот каде што бил распнат за апостол Јован и вели: „Еве ти син“. Со Марија, Богородица се раѓа и почетокот на спасот на светот. За многу години, уживајте!
Биљана Т. Димко