drink gac30fd1a5 640

Сите ние се трудиме да консумираме здрава и корисна храна, но често не сме ни свесни колку таа силно може да влијае на нашето тело и колку може да придонесе за нашето здравје.

Кога станува збор за куркумата – на оваа тема многу се зборува, пишува, прераскажува за неверојатните придобивки од овој прекрасен зачин, но еве уште еден многу интересен начин за одржување на тонусот на телото. Она што е исто така важно е тоа што е достапна за секого.

turmeric ge7efb62bd 640

Една жена од Велика Британија решила да спроведе експеримент и почнала да додава куркума во топлата вода, која ја пиела секое утро. Веќе по една недела забележала позитивни промени: варењето и се подобрило, кожата на лицето и се исчистила и будењето наутро и било полесно.

pexels ksenia chernaya 40487052 1

Освен што куркумата е еден од најкорисните зачини, кој на јадењата им дава одлична арома и боја, таа е добра и за организмот, бидејќи има антивоспалителни, антиоксидантни и подмладувачки својства.

Главната состојка одговорна за сето тоа е куркуминот. Благодарение на него, водата со куркума е еден од најлековитите напитоци, кој често го нарекуваат еликсир на здравјето.

drink g821fbefda 640

Рецептот за чудотворната напивка

Состојки: Половина лажичка куркума и 1 чаша топла зовриена вода (може да се користи топло млеко).

Истурете куркума во чаша вода и измешајте. Напитокот се пие во првиот дел од денот. Пред или после појадок. Можете да додадете прстофат бибер, за смесата добро да се впие. Пијте го овој напиток 2 недели, а потоа направете пауза (2 недели). Доколку на овој напиток додадете и малку лимон и мед, ќе биде полн погодок за превенција и лекување!

turmeric g07a06d4d6 640

Позитивно влијание врз организмот:

♥ Здравјето на срцето. Куркуминот го спречува згрутчувањето на крвта.

♥ Подобрување на варењето. Го нормализира варењето и го забрзува метаболизмот.

♥ Заштита на црниот дроб. Ги обновува оштетените клетки.

♥ Ги ублажува симптомите на артритис. Го намалува отокот и ја ублажува болката подобро од диклофенак.

♥ Превенција од рак. Познато е дека ракот најдобро напредува во кисели средини, а куркумата го алкализира телото и на тој начин го штити вашето здравје.

♥ Позитивно влијае на здравјето на луѓето кои боледуваат од дијабетес

♥ Студија на Универзитетот Обурн од 2009 година покажа дека куркумата може да го подобри целокупното здравје на луѓето со дијабетес.

hot gbfa47db97 640

Важно: Иако куркумата е позната како природен антибиотик, постојат контраиндикации при користење на напитокот, па затоа пред да започнете да го консумирате напитокот – консултирајте се со вашиот лекар.

Доколку земате какви било лекови, консултирајте се и со вашиот лекар. Особено, ако страдате од хемофилија и хипертензија, бидејќи куркумата ја разредува крвта и го намалува притисокот, иако за повеќето тоа ќе биде само голем плус. Но, освен што го намалува крвниот притисок, куркумата може да предизвика и пад на нивото на шеќер во крвта.

turmeric gf6ab44fed 640

Луѓето кои страдаат од дијабетес, исто така, треба да се консултираат со својот лекар. Но, она што е навистина опасно е да консумирате куркума доколку имате болест на жолчното кесе и таложење на камења во него, бидејќи куркумата предизвикува контракција на мускулите на жолчното кесе.

Куркумата е исто така контраиндицирана:

  • во големи дози за време на бременост и при гастритис и чир на желудникот
  • деца под 5 години
meblo trejd alati
Битолскиот театар со ,,Бакхи-краток преглед на распадот“ ќе настапи на „Игорови денови“ во Нови Сад
НУ НТБ со претставата ,,Бакхи-краток преглед на распадот“ во режија на Игор …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…