Секој сака да биде среќен, а многумина од нас се подготвени да направат речиси се за да го „остварат“ ова чувство. Среќата е субјективно чувство, но и во тој случај има работи кои се пречка за среќата да тропне кај Вас. Ова се десет работи заради кои среќата „бега“ од Вас.

Споредба

Вие сте единствени и крајно време е да го сфатите тоа. Не се мерете според стандардите што некој друг ги поставил. Наместо тоа, треба да биде обратно. Сè додека сте способни да ги постигнете целите што си ги поставивте, зошто да се грижите за тоа што прават другите?

Сонување

Секој има одредени желби и, соодветно, секој размислува за подобра иднина. Но, тоа не значи дека треба да го поминувате целото ваше време мечтаејќи за тоа што треба да биде или што требало да биде. Само со желбите не се постигнува ништо. Земете ги работите во свои раце и почнете да ги „претворате“ вашите желби во реалност.

woman gc316b3ec2 640
Самосожалување

Одвреме-навреме ќе наидете на некој што изгледа како најтажната личност на светот. Ќе слушнете безброј бескрајни приказни од таа личност за нивната несреќа. Ова постојано самосожалување ги спречува таквите луѓе да го ценат она што го имаат и да бидат среќни.

Грижи

Престанете да се грижите за тоа што ќе се случи и што може да тргне наопаку и почнете да размислувате позитивно. Песимистичкиот став никогаш никому нема да му донесе среќа. Наместо да се грижите, подобро е да посветите време на постигнување на една цел, без оглед на пречките на патот.

sad ga821f7e46 640
Вина

Секогаш кога ќе се соочите со проблем или ќе доживеете неуспех, наместо да се обвинувате себеси или некој друг, фокусирајте се на позитивните страни. Во спротивно, цело време ќе бидете „заробени“ во оваа игра за обвинување и ќе можете да се збогувате со среќата.

Критика

Слушањето премногу критики за вашата работа или за вашата личност ќе ви „помогне“ да станете уништени и депресивни. Запрашајте се дали навистина грешите и, ако одговорот е не, тогаш не грижете се што другите имаат да кажат за тоа.

Отпорност на промени

Промените се добри, како во приватниот така и во деловниот живот. Отпорот кон промените е главната пречка на патот до среќата. Имајте на ум дека ние се менуваме одвреме-навреме, и токму затоа треба да ги прифатите промените кои ќе ви помогнат да бидете среќни во текот на животот.

Не живеете во сегашноста

Размислувањето за минатото и постојаната грижа за иднината ќе биде само пречка на вашиот пат кон среќата. Фокусирајте се на живеење во сегашниот момент, на она што се случува околу вас. Не дозволувајте да им „робувате“ на мислите за минатото и иднината.

woman gdbb80dedb 640
Деловен притисок

Способноста да се справите со деловниот притисок е многу редок квалитет. Ова е особено ретко кај жените, каде што постојано се обидува да се постигне рамнотежа помеѓу деловниот и приватниот живот. Наместо да ги обвинувате другите, прво проверете дали правите нешто погрешно или не се трудите доволно.

Фобија од обврски

Овде не се работи само за посветеност во врската, туку и за посветеност кон работата и кон себе. Всушност, се работи за посветеност на се што ви е драго. Бегањето од посветеноста и обврските никогаш не е решение, бидејќи тоа претставува дополнителен проблем кој стои на патот на среќата. Наместо тоа, бидете подготвени да преземете одговорност и да се соочите со проблеми.

meblo trejd cesmi 1
Како времето влијае на спиењето и одморот
Промените во температурата, воздушниот притисок, влажноста на воздухот и врнежите влијаат врз …
Совети за детоксикација на Вашиот живот
Вашата околина е еден од најважните фактори за вашите хормони, како и …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…