viber image 2023 12 23 11 41 11 369 768x576 1

Учениците на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола со огромен успех на 20. издание на светската детска ликовна изложба по конкурс, а во организација на Министерството за образование на Романија – градската Општина Липова и Липова детскиот ликовно креативен клуб од Романија.

„Конкурсот во Романија кој во основа е организиран од тамошното Министерство за образование ни е еден од побитните во текот на една календарска година бидејќи знаеме дека Жири комисијата е составена од исклучителни експерти во областа на детското сликарство.

На истата учествуваме 20 од 20 години колку што и трае, и редовно сме имале успеси но овој е најголем до сега и сме особено горди на нашите ученици, но и на нашиот координатор за ликовни активности Томислав Стерјев за својот придонес.” – изјави Елена Хаџи-Антоновска – претсетдател на ДЛС.

На 20. издание на светската детска ликовна изложба по конкурс во организација на МОН на Романија, ДЛС учествуваше со 15 дела на 11 свои ученици од кои шест се здобија со Дипломи за учество и почесни признанија за својот ликовен талент а пет имаа значајни награди.

„На конкурсот на МОН на Романија учествуваа над 20 земји кои формираа фонд од над 5.000 детски ликовни дела. Ова е само една третина од повикот како оваа манифестација има три сегменти и тоа фотографија, ракотворби и ликовна уметност со што бројката на учесници – ученици е значително поголема.

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола согласно Билтенот е единствено кое ја престави Македонија на што повторно сме горди затоа што не има насекаде и гордо си ги промовираме државата и градот Битола.

Според Жири комисијата имаме 2 сребрени медали – втори места во категориите ученици од 15 и 16 години поточно сребрени медали имаат нашите ученички Ана Полизовска и Сирма Спиркоска.

Изненади обемот на први места или златни медали кои се доделени на 4 наши ученици и тоа секој во својата возразна категорија. Први места имаат Пенелопа Кочевска [ 17 ] – Леа Стерјев [ 15 ] – Стефанија Димитријовска [ 14 ] и Томислав Атанасовски [ 11 ].

Темата изминатите години премина во традиционална и е насловена како „Боите на есента” a заедно со Сертификатите добивме и Покана за учество за 21. издание 2О24 година како почесни учесници, а поради прикажаниот квалитет во континуитет.

Се ова е одличен показател дека Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола и оставено само на себе, но благодарение на тимот – учениците и родители функционира одлично по основните постулати востановени пред 56 години. И тоа ни е најбитно”. – истакна Славчо Неделковски – претседател на УО при ДЛС.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…