Вечерва во фоајето на Центарот за култура ќе се отвoри концептуалната изложба АЛГА која ќе трае четири денови и претставува симбиоза помеѓу современиот моден дизајн на брендот LOM Label, уличната уметност од Hybrid Minds и електронската музика на една селектирана група на ДЏ артисти од Битола со едноставна мисија, да се промовираат локалните уметници и нивното ново создавање со еко порака која е повеќеслојна. Имено, за модната колекција на LOM Label се употребени природни и алтернативни материјали.

Посветено е посебно внимание кон кроењето при изработката на модните парчиња да се создаде минимален отпад, а остатоците од материјали се реупотребуваат за да се изработи ново парче облека или моден додаток. Овој моден бренд позади кој стои модната дизајнерка Марта Дојчиновска, овој пат се враќа кон нејзината публика со колекција која е составена од фузија на органски, флуидни, нежни и геомериски форми инспирирани од алгите. И тој лајтмотив е исто така тема на уметничките дела на Драган Милованов-познат графити уметник со изразен личен печат во она што го созадава.

290907474 3289427324625515 1792785767663768570 n

Неговите дела ја раскажуваат љубовта кон природата, зачувувањето на зелените површини, графитите, уличната уметност, сѐ заедно претопено на уметничко платно со уникатен стил на изразување и силна порака за грижа кон животната средина.

“Фокус на АЛГА се организмите алги, флуидните форми како и варијациите на бои кои што алгите ги имаат, нивните бенефити за животната средина и еко-системот, како и нивниот опстанок во секое годишно време. Од транспарентна бела, сива, свежо зелена па се до црна…бојата и формите на алгата се провлекуваат низ модната колекцијата и ќе се главен двигател и низ уметничките дела”- истакнуваат авторите на изложбата.

Вечерва со почеток во 19.00 часот започнува овој четиридневен модно-уметнички и музички перформанс на кој ќе настапат и диџеите Dejan Dex, Herzel и Chiko.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…