Синоќа во големата сала на Центарот за култура, кој е и организатор на Фестивалот на музика од светот, со настапот на македонската група ЛИЛИТ заврши годинешното издание на овој фестивал кој го слави жанрот world music 14 години. Жанр, кој добива на значење во последната деценија и на кого се посветени цели фестивали ширум светот. Таков е и овој во Битола, кој на две локации годинава понуди музика од различни меридијани.

315988613 2355526184614508 8434015349001416705 n 1

„И оваа година, одлични концерти, сјајна атмосфера, силни реакции на публиката, добар нетворкинг на домашните и странските гости на фестивалот, на нивните менаџери, промотери, новинарите…а ние како организатори, отсега размислуваме за идното јубилејно издание на овој необичен по многу нешта фестивал”-изјави Маја Андоновска Илијевски, директор на НУ Центар за култура на синоќешното затворање.

316732032 637428944831878 4700904263633273953 n 1

Ова е еден од фестивалите кои потешко се организираат во календарот на оваа национална установа, заради малиот буџет кој го има на располагање и кој ограничува да се обезбедат поголеми и позвучни имиња од светот, а тоа е поенатата на овој фестивал. Исто така, ова не е комерцијална музика, која може да издржи повисока цена на билет, а следствено на тоа и заинтересирани спонзори. Па така останува на средствата кои ги добива од Министерството за култура и градот Битола, сепак да се одржи континуитетот, зошто по многу нешта ова е значаен фестивал.

315530568 1259608421269538 5698872996139785330 n 1

Од музички аспект, ова е најекспортабилен домашен музички проект, со оглед на фактот што светот е жеден за егзотката на овој жанр, од друга страна нема голема продукција кај домашните музичари, заради ограничените средства и кај нив, за да работат на нова музика. Оттука и проблемот, што да се селектира од домашна музика и што од светот квалитетно да се донесе дома. Конечно, Центарот за култура од Битола сака да го привлече вниманието на пошироката публика, особено новите генерации со цел да ги поттикнат во правец на откривање на различни музички традиции, како и кон авторска музика инспирирана од најразлични културни наследства.

316287477 475731771208154 2176569805110431531 n 1

Со вакви размисли, оваа година организаторот се бореше неколку месеци пред самиот фестивал, но со изборот и концептот и оваа година докажа дека може да се направи тридневен фестивал без големи средства и да се понуди необична и интересна програма за широк појас на публика, полнејќи ги двете сцени кои функционираа за официјалната и офф програмата.

316052166 1154399465191855 4966461453804311862 n 1

Под слоганот „Време е за светскиот звук, дома. Дојди и откриј нова музика„ и со необични визуали кои беа дело на графичкиот дизајнер Димитар Ристовски започна кампањата и преку социјалните медиуми и преку регуларните тв, радија и портали за да се анимира публика, која навистина дојде во огромен број, што секогаш е репер за успех на еден фестивал.

Од фадо звуците на брилијантната интернационална ѕвезда, португалката Joana Amendoeira, која дојде со нејзиниот бенд на отворањето, преку еден поинаков звук на Балканот споен преку Фонтана која негува традиционална македонска музика, збогатена со звуците на Битолскиот камерен оркестар IWConnect и гостите Даница КРСТИЌ вокалистка на Балканика од Србија,
Ангел Демирев на гитара од Бугарија и нашата домашна ѕвезда со светска слава
Џамбо Агушев на труба, до фузијата на џез и современа музика на Лилит, разиграниот и сосема свој звук на Фолтин, до електрониката на белградското ДЏ дуо Luton & Šćepine Vragolije, кои настапија во клубот Јагода кој е етаблирани место на андерграунд и електронска музика.

316225495 428805839462212 6301785715369428696 n 1

Така изгледаше програмата на ова 14. издание кое понуди од традиционален звук, преку музика на артисти кои имаат оригинален и необичен пристап на традиционалниот материјал, до време и простор за светска музичка журка.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

10.000 евра и 100% стипендија за Бреинстер НЕКСТ факултетот за Дамјан Давков, победникот на најголемиот математички натпревар UltiMATH
По два дена исполнети со многу возбуда, знаење и натпреварувачки дух, Македонија …
Реалниот христијанин денеска е личност којашто е често непочитувана, исмејувана, прогонета
Човекот кој има реална љубов во него за луѓето околу него – …

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

    По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…

    Работилница на тимот на Читај бе за новинарската професија сo учениците од ОУ „Даме Груев“ Битола

    Како дел од проектот „ТВОРИЛНИЦА“, во ОУ „Даме Груев“ Битола се одржа…