Утревечер, 22 јуни во 19.30 часот на Платото пред Офицерскиот дом не пропуштајте ја големата забава на Сладоленд.

Најпознатото куче на светот и неговиот 5+ Бенд, за првпат ќе настапат пред битолската публика со својот најнов музички перформанс, за спектакуларен почеток на летниот распуст.

Замрзнатиот Петко и 5+ Фамилија, ќе се дружат со најмладите, а забавата ќе изобилува со многу музика и игра.

По повод јубилејот на 5+ образовната и забавна платформа, која повеќе од 15 години успешно ги забавува и едуцира не само децата, туку и родителите, 5+ Бенд и 5+ Фамилија подготвија ново музичко-сценско доживување за децата – овој пат фокусирајќи се на пораки за здрава и чиста животна средина и заштита на планетата, како тема за која младите постојано мора да се едуцираат.

Концертот е поддржан од Општина Битола во соработка со ЈОУ КИЦ Битола.

Влезот е бесплатен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…

Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…

10. издание на Фестивалот на електронска музика СМОТРА во Старата битолска чаршија

Во Старата битолска чаршија, синоќа се одржа јубилејното 10-то издание на Фестивалот…