Недела, со почеток во 12 часот, во НУ Завод музеј ќе биде отворена изложбата „Цртаме за мир“ која е во чест на Ротаријанката Татјана Петрова. Татјана Петрова беше истакнат долгогодишен член на Ротари Клуб Битола Широк Сокак, исклучително талентиран уметник и хуманист , искрен и доверлив пријател. За жал во 2020 година Татјана Петрова трагично го загуби животот во борбата со Ковид 19.
Нејзините дела и споменот на нејзината убава насмевка засекогаш ќе останат во мислите на членовите на Ротари Клуб Битола Широк Сокак, информира Билјана Врцал Ванчевска, претседател на Ротари Клуб Битола Широк Сокак.

Зошто боровниците се супер-храна за срцето? Доволна е само една шолја дневно
Боровниците не се само вкусни – тие се вистинска суперхрана за срцето. …
Изберете ја вашата илузија – слобода под надзор
Пишува: Дејан Нашоку Некогаш изборот беше чин. Денес е рефлекс. Порано одлучуваше …










