Денеска(22.09.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола и инспектори за дрога од криминалистичката полиција при СВР Битола одржаа превентивна едукативна презентација со средношколците СТУ „Ѓорги Наумов“ од Битола. Темата на предавањето на полициските службеници беше – „Борбата против дрога“, односно како да се препознаат девијантните појави кај младите, за ризиците од злоупотреба на наркотични дроги и алкохол, а се разговараше и околу тема за сајбер булинг.

viber image 2022 09 22 15 34 12 497

Исто така, беше одржан и состанок со раководниот и наставнички кадар на средното училиште и беа разменети идеи и размислувања за понатамошна превентивна соработка, како и за проблеми со кои се соочуваат.

viber image 2022 09 22 15 34 14 163

СВР Битола, преку отсекот за превенција во континуитет реализира превентивни едукативни предавања во рамките на злоупотребата и борбата против дрогата и други облици на зависности. Целта е примарно на младите, но и на останатите чинители да им се укажи од опасностите од злоупотребата на наркотиците и како негативно влијаат врз здравјето на младата популација. 

meblo trejd cesmi 1

    Предавање на теми од книгите на проф. д-р Зоран Крстевски во битолската библиотека
    Пред преполната сала во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, предавање одржа проф. …
    Марко Николиќ албумот првенец ќе го промовира и во Македонија
    Марко Николиќ по 20 години професионална музичка кариера во која неговото име …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

    Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

    ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

    Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

    Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

    На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…