zeni rek naslovna

Иако општеството наметнува машки и женски работи, сепак постојат силни примери кои го докажуваат спротивното. Денешниот Меѓународен ден на жената го користиме да ги истакнеме овие примери кои се надеваме дека ќе бидат мотив и инспирација за промена на досегашните стереотипи.

Две жени, вработени во РЕК Битола покажуваат дека невозможни работи ако се има храброст, знаење и желба и дека секоја жена доколку има желба може да работи на работно место кое општеството досега не натерало да помислиме дека е машка работа.

Тие се Виолета Петковска, ракувач на погонска станица и Јасмина Мановска, рударски техничар во РЕК Битола.

Виолета го следи транспортот на јаглен од рудникот „Суводол“ до термоелектраната, а Јасмина работи со увозниот јаглен.

viber image 2023 03 08 14 34 50 525

„Работата не е толку тешка колку што изгледа доколку се внимава и постојано се прати процесот на движење на јагленот, лентата, и кога има и кога нема јаглен, се оди во најдобар ред и нема да има ризик ако се прати“, вели Виолета.

„Работам со увозниот јаглен, ги прегледувам камионите, претежно е административна работа“, вели Јасмина.

јасмина

Нивната порака на овој ден е дека жените не треба да се откажуваат од соништата заради широкораширените предрасуди и стереотипи кои владеат во нашето опкружување. Си ја сакаат работата, а досега немале искуство со родова дискриминација.

„Добро сум прифатена, без разлика на тоа што сум жена, ако сме жени не значи дека нема да ја сработиме работата или дека нешто не сме поспособни од мажите. Работата е работа, жените да бидат силни и сите предизвици да ги прифаќаат“, вели Виолета.

„Не е тешко, може да се работи оваа работа, а жените може да се снајдат. Да не се откажуваат од соништата заради општествените стереотипи“, порача Јасмина.

рек

Извор: ТВ Тера

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…