335034014 878858536552526 5815018032752530811 n

Друштвото на ликовни уметници од Битола вечерва ја отвори изложбата по повод Интернационалниот ден на жената на 8 март во кристалната сала на Културно-информативниот центар – Битола.

330312989 254641736894591 5869888049727908016 n

Изложбата содржи дела на 19 членови на ДЛУБ реализирани во периодот 2022/23.

334466582 895105175146790 2535606448521792206 n

Иако на слободна тема, изложбата содржи две водечки мисли во контекст на празникот. Првата насочува кон аналогијата меѓу жената и уметничкото дело, односно појавата на метафизичкото и другото во физичкиот простор. Втората ги согледува причините за настанувањето на овој празник и затоа повикува кон поотворена и поискрена соработка меѓу самите уметниците, меѓу уметниците и разните институции со цел содавање простори каде може да се појави и сочува гласот на секој кутурен деец чии дела поинаку би останале неми и заборавени.

330343527 6370179886347070 5914287460658895580 n

Делата се реализирани со традиционални и современи техники. Поголемиот дел од авторите се млади членови како Александар Поповски, Филип Јовески, Стефан Анчевски, Зана Восу, Алкивиадис Восду, Тони Попов, Петар Кирановски, Слободан Рајчевски, Васко Ѓоргиев, Анастасија Петрова-Мушовска, Валентина Илијевска, Динко Ненов и Дејан Макаријоски, додека од постарите членови на Друштвото учествуваат Панде Петровски, Љубица М. Солак, Николче Српчански, Ванчо Кеков, Златко Крстевски и Ѓорги Зајаковски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…