viber image 2023 03 08 21 21 34 344

По повод Денот на жената, 8 март, за прв пат се организираше активност на идеја на Ленче Василевска и Ана Белимачевска, кои се со потекло од потпелистерското село Маловиште со цел да им се покаже внимание на мајките и бабите кои се жители во селото.

viber image 2023 03 08 21 22 55 379
Ленче Василевска и Ана Белимачевска

„Да им дадеме почит како наши чуварки на влашкиот јазик и традиција, благодарение на кои се пренесува на помладите генерации. Во настанот се вклучија и ученици кои го изучуваат предметот Јазик и култура на Власите од повеке основни училишта во Битола, со наставничката Моника Дервеновска, кои со лични изработки, честитки и пригодна песна им го честитаа денот на сите припаднички на понежниот пол во селото. Благодарност до сите кои помогнаа да се реализира овој настан, кој посакуваме и понатаму да премине во една убава традиција и пошироко“, велат за Читај бе организаторите на овој прекрасен настан.

Ви ја пренесуваме атмосферата и среќата кај сите кои беа дел од овој настан, кој влева надеж дека овој ден ќе се користи да предизвика насмевки кај сите жени, мајки, баби, па дури и во најодалечените места.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…