marlo naslovna

Со Марло се среќаваме еднаш на неколку години. Обично „никнува“ пред мене со истата насмевка со која ги мами и децата, зборува 100-ка на саат, се движи двојно побрзо. Па така, ова суптилно интервју се водеше на три локации: во кафич бидејќи сме од Битола, в парк и книжарница.

На публиката ѝ е познат како Марло, Ганди, гитариста-магиониста…и сега кој е всушност човекот-пропелер?

viber image 2023 03 08 08 36 43 175

Горан Митревски е роден на 20 јуни, 1988 година во Битола. По потекло е од Добрушево – ареал од каде потекнуваат голем број свештеници. Духовната димензија на Гого е поблиска со иднината, романтичарска и скроз несфатлива за некого –„Господ е апсолутна интелигенција“ потенцира  во текот на муабетот, верува дека потонатата Атлантида постоела, како многумина,  а „Малиот принц“ е задолжителна книга за децата и за возрасните идеалисти.

viber image 2023 03 08 08 38 00 725

„Сите возрасни прво биле деца, но малку од нив се сеќаваат на тоа“ – пишува во „Малиот принц“ – што е тоа малку според тебе?

Марло: Децата се поблиску до изворот, за разлика од возрасните кои дозволуваат да бидат скротени од светот, системот и постепено е вообичаено да заборават да играат, да се забавуваат, да се смеат, да бидат љубопитни и така…почнуваат да умираат, место да продолжат да растат, на крајот од патот место да се вивнат угоре, тие согоруваат овде. Интересно е дека на Атлантида, за најмудри се сметале жителите на возраст од 1 до 7 години и тие се прашувале за важните работи.

Како Гого стана Марло?

Марло: Завршив средно техничко училиште, електро. Продолжив на Техничкиот факултет. Отсекогаш ме привлекувала глумата, но и науката, па така Марло настана како спој меѓу професијата и желбата и уживам во ова што го работам.

viber image 2023 03 08 08 36 57 279

Магија, илузија – има разлика?

Марло: Магијата е несфатена емоција. Илузијата е она што го гледа публиката, а не може да го објасни.

Постојаноста на човекот е одраз на сериозност, но ти си исклучително динамичен – каде си?

Марло: Да, не може конкретно да ми се „фати“ трагата. Постојано работам. Најактивен сум во Хрватска, таму работам како тим лидер на анимациски проекти. Постојано патувам – работам и во Јужна Америка. Не прифаќам да порастам според овде предвидените критериуми, не сакам да се „давам“ во досада. Досадата  е убиствена за луѓето. Динамичен сум затоа што сакам да видам како се раѓа денот, како зајдува Сонцето, како растат цвеќињата, па морам да ги следам, а тие се динамични процеси.

Дали Гого има намера да реализира семејство?

Марло: Да, ама не знам кога J. Ги сакам децата, тие ме сакаат мене, сакам да станам татко.

Си бил заљубен- вљубен?

Марло: Да, три пати. Сега не сум или сум…Жените надвор од границите од овде повеќе ме привлекуваат. Зошто? Според мене сексот или уште позвишено кажано – водењето љубов кај две личности се случува во главата. Водат љубов додека пијат кафе, разговараат за нивни заеднички теми и така натаму, а последниот чин е само класично уземјување.

Омилена песна?

Марло: Wind of Change – Scorpions, битно е само да има промена J .

Омилена книга:

Марло:„Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери или „Секој може да се изложи на ризикот да биде повреден, ако дозволи да биде припитомен“ или „Морам да издржам да бидам во присуство на неколку гасеници ако сакам да бидам опкружен со пеперутки“ J.

viber image 2023 03 08 08 37 59 507

Омилено јадење?

Марло: Домашно кисело млеко, кое умеам сам да го подготвам.

Омилена боја?

Марло: Тиркизна, ме потсетува и на море и на небо.

Се плашиш од нешто?

Марло: Не се плашам од ништо.  (Иако не му верувам потполно…)

Дали би избрал друго место за живеење?

Марло: Не. Ја сакам Македонија, но би го избрал Охрид за живеење, поради езерото. Иако сум патувач, сепак сум тежок локал-патриот. Овде не ми се допаѓа згрченоста на луѓето. Се плашат да живеат.

Омилена птица?

Марло: Буф – ја симболизира мудроста.

viber image 2023 03 08 08 36 48 385

Како Марло стана бренд?

Марло: J Скромноста и не е некоја доблест. Настапувам со оган, магионичарски, илузионистички настапи за возрасни и за деца. За она што станав денес ми беше потребно постојано вежбање на техниките, усвојување, читање, смелост, решителност. Тенка е линијата меѓу лудоста и генијалноста, но веќе длабоко пливам во мојот свет така што како и да го наречеме ова –  ова сум јас.

viber image 2023 03 08 08 38 00 505

Имаш можност да им се обратиш на младите – што би им кажал?

Марло: Денес е најтешко човек  да биде свој – а тоа е најтешко, бидејќи уште со самото раѓање сакаат да нѐ пикнат во некаков калап, по нивни избор, прво најтесното семејство, потоа како растеме и сите што ни се појавуваат во животот. Љубовта најмногу се губи кога сакаме некого да го промениме, според нас, а човекот се менува според животните прилики. Така што дечки, бидете што повеќе свои, храбри, мудри и вредни и не ги повредувајте оние кои ве сакаат најмногу – вашите родители.

„Времето потрошено на една роза е она што ја прави таа роза важна“ (Малиот принц)…книга за сите оние кога ќе пораснат што сакаат да си останат деца.

meblo trejd - k elementi
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…