кошаркарски турнир 7 min

На 21 и 22 април (Петок и Сабота) Битола повторно ќе биде центар на балканската кошарка. Традиционално по 11 пат, кошаркарскиот клуб „Младост“ и Општина Битола ќе го организираат меѓународниот Велигденски кошаркарски турнир „БИТОЛА 2023“ со учество на преку 300 натпреварувачи.

Во Петок и во Сабота натпреварите започнуваат од 09 ч. во спортската сала „Боро Чурлевски“ и спортските сали на Медицинското и на Економското училиште. Ќе учествуваат 6 екипи во две младински категории: девојчиња родени 2008/09 и момчиња родени 2012/13 исклучиво од Македонија (Битола, Прилеп, Кавадарци и Охрид) и дури 12 екипи кај ветераните 50+: Хрватска (Опатија, Загреб и Задар), Србија (Белград и Лесковац), Албанија (Корча), Репрезентација на ветерани Косово, како и домашните екипи (Пелистер, Кавадарци, Велес, Штип и Струмица).

Свеченото отворање е во Петок во 18 ч. во спортската сала на Медицинското училиште, а веднаш потоа и дербито кај ветераните помеѓу Пелистер и Репрезентацијата на Косово.

Најмладите членови на кошаркарскиот клуб „Младост“ (родени 2014 г. и помлади) ќе одиграат ревијален натпревар во 17 ч. пред самото отворање на турнирот, а додека во Сабота од 14 ч. во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе имаат натпревар во кошаркарски вештини.

Исто така, ревијален натпревар ќе одиграат и ветеранките на Битола и Скопје.

Финалните натпревари се закажани за Сабота после 13 ч., кога ќе бидат  доделени и наградите за најдобрите, пехари и медали.

-И годинава го задржуваме континуитетот во одржувањето на овој традиционален меѓународен турнир. Благодарност до Општина Битола за максималната помош во реализацијата на овој турнир. Очекувам квалитетни натпревари во младинска категорија, но и кај ветераните бидејќи има учесници кои редовно тренираат и учествуваат на турнири за ветерани ширум Европа-изјави Горјан Стојановски, претседател на Организациониот одбор.

В. Прчков

meblo trejd cesmi во crni
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…