butin bitola nas

Пишува: Биљана Т. Димко

Има разлика меѓу 4 ноември и 4 Ноември – првото е дата во календарот, а второто е платено со крв. Во Народно ослободителната борба на Македонија и на Балканот животот го изгубиле најмногу здрави мажи кои допрва требало да станат нечии сопрузи и татковци, во просек на 24-годишна возраст, а голем е и бројот на девојки кои учествувале во НОБ.

Погледнете наоколу и видете што работат сегашниве мажи/жени на 24 години … па и на поодминати години… ако се земе предвид дека воениот рок е укинат…бидејќи очигледно е дека светот не е место на пацифисти – се пука од сите страни.

Некој ми го дофрли стихот на Бора Чорба „за идеале гине будале“ – се сепнав, ми дојде на ум романот на Владимир Костов „Нов ум“ како се градеше Битола после Втората светска војна, тешко, со многу зорт – војната носи сиромаштија и болести од кои човештвото се опоравува со децении.

Пет века османлиска власт, Балкански војни полни со раздор и омраза, Прва светска војна, Втора светска војна главните ролји одиграни на територија со народ кој служи за топовско месо, ни крив ни должен мислам на Македонија и Македонците…најпосле се случува некакво ослободување под гола сиромаштија , куќите и по 45’ година сѐ уште се плитари и грубо делкан камен,  уште понекогаш татне некоја непукната граната  на Кајмакчалан…

2023 vs 1944 година: Време е да се запрашаме што прави секој од нас за Битола, небитно дали е богат или не, градот со множество епитети, најопеаниот град низ кој се протега Широк Сокак, во кој некогаш учел Ататурк воено училиште, во кого пораснал Кире Костов, се образовал Тоше Проески, градот во кој прват прозвуче македонскиот јазик на театарската сцена, градот на браќата Манаки и нема крај кој уште не потекнува од битолската околија.

За почеток, можеби е доволно да го фрламе ѓубрето в канта, да се грижиме за општествените добра кои се  за сечиј добробит, да се поддржуваме едни со други место да си „туркаме сандунци“, еден грст луѓе останавме – сите нѐ покрива едно небо, чекориме по иста земја.  Никој не бара од никого да го прави она што не може – туку она што може.

На 4 ноември, битолчани, население со различна етничка и верска припадност се ослободија од окупаторската фашистичка чизма – но, славјето одамна мина, а автономијата значи одговорност за себе и покажување зрелост – тоа е духот на 4 Ноември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

БУТИН: Која е реалноста – хипокризија вклучена на шестка

Пишува: Биљана Т. Димко Социјалните мрежи сервираат филтрирана содржина која е одличен…

БУТИН: Ако некого вистински го почитувате, подарете му дел од вашето време

Пишува: Биљана Т. Димко Бутин е алатка која се користела во македонските…

Бутин: Кој е навистина слободен?

Пишува: Биљана Т. Димко Време е чекор по чекор да се припојуваат…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…