Вечерва во рамките на Бит фест ќе се одржат два настани во Офицерски дом.

Во 19.00 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Исчезнување“ на авторот Владимир Илиевски.

„Планот не беше да се појавиш. Ниту да исчезнеш. Но што е планот наспроти случувањето. А и како би исчезнало, ако не се појавило. Па на бело платно, изгорено дрво… и многу вода. Кога се обиде да ја измиеш нечистотијата, почна да исчезнуваш. Но застана. Тогаш, ниту те имаше, ниту те немаше… Како облак кој ниту е вода ниту лед. Како задржан здив, ниту вдишан ниту издишан. Исчезнувајќи – се појави“ – Владимир Илиевски.

фест 2

Владимир Илиевски е роден во 1989 г. во Скопје. Во 2012 г. дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Катедрата за сликарство. Од 2012 до 2022 г. реализирал четиринаесет самостојни изложби во: Скопје, Охрид, Делчево, Струмица, Ботевград (Р. Бугарија) и Нови Сад (Р. Србија). Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство. Автор е и на два мурали, во Скопје и во Струмица. Учествувал на десетина ликовни колонии во: Охрид, Струга, Струмица, Велес, БиХ, Р.Бугарија, Р. Србија. Добитник е на 7 национални награди. Од 2012 г. член е на ДЛУМ, а од 2022 член е и на ДЛУБ.

Во 21.00 часот ќе се одржи концерт на Камерниот хор „ОДЈЕК“.

фест 2

Програма:

1. Македонска народна песна: Што ми е мило ем драго

2. Албанска народна песна: Јарнана

3. Босанска народна песна: Кад ја пођох на Бентбашу

4. Хрватска народна песна: Клинчек стоји под облоком

5. Македонска народна песна: Назад Калино, моме

6. Македонска народна песна: Ајде слушај, слушај, калеш, бре, Анђо

7. Српска народна песна: Посеја деда три леје лука

8. Александар Сариевски: Зајди, зајди, соло сопран Марта Благојевић

9. Српска народна песна: Прелетеше птице ластавице

10. Српска народна песна: Србијом

11. Ромска народна песна: Ђелем, ђелем

    За сите разочарувања кои нé отрезниле…
    Сакам разочарувања. Зошто? Затоа што тоа е моментот на отрезнување. Моментот кога …
    „Да ја вратиме љубовта кон читањето“ – проект на Пелагонските културно-научни средби
    Учениците од четврто одделеное од ООУ „Коле Канински“- Битола со нивните одделенски …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

    Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

    Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

    Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

    Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

    Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…

    Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

    Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…