СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2022, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, утре 04.09.2022 година (недела) во Битола, во временскиот период од 07:00 до 12:00 часот ќе преземе мерки на посебен режим на сообраќај на следните релации: – Старт на трката: Бул. „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула – „Бул. 1-ви Мај“ од страната на Музичко училиште се до кружниот тек кај Педагошка – улица „Генерал Васко Карангелевски“ од кружниот тек кај Педагошка до кружниот тек кај Веро – улица „11-та Македонска Дивизија“ до базен Довлеџик (ул. „Довлеџик“ која води кон Вила Молика ќе биде слободна) – Бул. „1-ви Мај“ од страната на Општина Битола – ул. „Филип II Македонски“ се до кружниот тек кај Дулие – ул. „Батаљон Стив Наумов“ – ул. „Прилепска“ од кружниот тек кај Дулие до ул. „4-ти Ноември“ – ул. „4-ти Ноември“ до крстосницата со ул. „Солунска“ и обиколницата – ул. „Солунска“ до ул. „Широк Сокак“ Од Широк Сокак од ул. „Солунска“ до стартот на трката кој воедно е и цел. Цел на трката: Бул. „1-ви Мај“ во близина на Саат Кулата.

301276625 338133285125339 2892326013444028541 n

Од СВР Битола и организаторите апелираат до граѓаните, паркинг местата кај Плоштад Магнолија односно Саат Кула и на ул. Солунска кај Широк Сокак да бидат слободни во недела наутро со цел непречено движење на тркачите меѓу кои ќе има и репрезентативци на повеќе земји. Предвидени се доволно алтернативни рути и полициски службеници кои ќе го контролираат сообраќајот. Во случај на итност (медицинска помош, полиција, противпожарна служба) повикајте ги надлежните служби.

301626439 653206386146102 6579265066547883101 n

Здружението „Трчај бе“ кое е организатор на настанот однапред се заблагодарува на сите Битолчани за нивното разбирање за овој голем спортски настан и ве повикува на бодрење на тркачите.

    Времето кое бега…
    Ги броев годините и открив дека имам помалку време за живот отколку …
    „Галебот што лета највисоко, гледа најдалеку“ – препорачува Ричард Бах во „Галебот Џонатан Ливингстон“
    „Галебот Џонатан Ливингстон“ е најпознатата алегорија во современата книжевност, најдолгиот расказ или …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

    Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

    Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

    По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

    Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

    Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…

    Четвртото издание на „Трчај бе“ низ објективот на Саше Богоевски

    Со учество на 1400 атлетичари од 12 земји од светот, денес во…