Во рамките на програмата на Бит-фест, на 22 август 2022 г., на плоштадот Магнолија вчера осамна Уметничката инсталација „Крешендо“.

viber image 2022 08 22 13 58 27 924

Уметничката инсталација „Крешендо“ е темпорален мултимедијален проект, во кој ќе бидат синтетизирани: вајарството, графиката и музиката. Проектот е замислен како директно присуство на уметноста во центарот на градот. Негова цел е да оствари директна интеракција со минувачите на определена локација.

viber image 2022 08 22 13 58 28 187

„Крешендо“ треба да го акцентира креативниот импулс на Битола, со помош на светлосен, ликовен, музички и скулпторски израз и да биде еден вид мисловна временска машина, потсетник на нашето битисување овде и сега и копнеж по духовното.

viber image 2022 08 22 13 58 28 467

Инсталацијата „Крешендо“ е заеднички мултимедијален проект на графичарот Владо Ѓоревски, вајарот Владимир Симоновски и музичарот Александар Гулевски.

viber image 2022 08 22 13 58 28 712

Згаснувањето на проектот ќе биде на 25 август 2022 г., на плоштадот „Магнолија“ во 20.00 часот.

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

    Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

    Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

    Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…

    Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

    Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

    Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

    Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…