Црвен крст Битола naslovna

По повод 17 Март, Денот на крводарителите и Црвениот крст, во Битола се одржа трдиционалната крводарителска акција во фоајето на Народниот театар Битола во организација на ОО Црвен крст Битола во соработка со Регионалниот центар за трансфузиона медицина Битола. Интересот кај битолчани беше голем како и секоја година, а се очекува да се соберат од 130 до 150 крвни единици.

На најверните крводарители им беа врачени благодарници, а меѓу нив беа и Менде Гроздановски кој има дадено скоро 150 пати од најдрагоцената течност, како и Кире Цапевски кој има дарувано крв над 130 пати.

Волонтерите на битолскиот Црвен крст на плоштадот Магнолија по тој повод организираа и настан под мотото „Солидарноста не е чин на милосрдие, туку взаемна помош меѓу силите кои се борат за иста цел“ чија цел е да покаже солидарност кон населението погодено од земјотресот во Турција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…