337115568 232019102608012 6626728558948413124 n

Велосипедскиот клуб Пелистер 15ти Мај зеде учество на меѓународна трка во Косово каде се натпреваруваа во три категории: сениори Петар Трајковски, во јуниори Андреј Лешнаров и кадети Стефан Митревски, како и Михаил Богдановски кој го освои второто место.

336872813 911153460087591 210735075996495808 n

Трката се возеше во должина од 60 километри и имаше околу педесет велосипедисти од Македонија, Албанија и Косово.

336799990 876787423425601 5574478558021997901 n

„Годината ја започнавме со меѓународна трка, од резултатот не сме задоволни, но со оглед на проблемите со кои се соочуваше клубот во врска со клубските простории кои една година не можеме да ги користиме заради лични интереси на некои што не му мислат добро на спортот во Битола, можеме да кажеме дека и овој резултат не е лош. Се надеваме дека на наредната меѓународна трка која ќе се вози идната недела во Албанија ќе постигнеме подобри резултати“, вели Африм Јусуфи, тренер на велосипедскиот клуб Пелистер 15ти Мај и селектор на сениорска велосипедска репрезентација на Македонија.

337016889 743028260620581 1490522579718050192 n
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

Интервју со Маја Атанасовска, организатор на првата женска трка во Битола – Биди своја

На 17 јуни во Битола ќе се одржи првата ноќна женска трка…