IMG 8ef3adbfc5091cfe738d1a3bd658dacf V

Изложба на 20 уметнички дела од 15 млади автори од 15 држави беше претставена во Скопје, како дел од свечениот прием по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Словачката Република.

IMG 5e32d39b057dcf1a84cb251e2fdac4d2 V

Свеченоста се одржа во амбиентот на хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, во организација на Амбасадата на Словачката Република. Изложбата беше поставена на специјална покана на словачката амбасадорка, Н.Е. Ивета Хрицова, со што дополнително се унапреди културната соработка и традиционалното пријателство меѓу двете земји.

IMG 91a673cebb8d7c26523e60d3d2088280 V

Освен Хрицова домаќин на настанот беше и полковник Иван Улични новиот воен аташе на Словачка во Скопје.

Особена чест на настанот беше и присуството на претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, која беше дел од свечениот прием. Таа заедно со амбасадорката Ивета Хрицова со голем интерес ја разгледа изложбата. Притоа, претседателот на Управниот одбор на детското ликовно студио, Славчо Неделковски, ги запозна претседателката и амбасадорката со богатата историја на овој светски реномиран македонски бренд.

Неделковски упати покана до претседателката Силјановска-Давкова при својата следна посета на Битола да го посети студиото и изрази огромна благодарност кон амбасадорката Хрицова за можноста за соработката на овој значаен настан.

На приемот присуствуваа и бројни гости од Дипломатско конзуларните претставништва во Македонија, високи претставници на Владата и Собранието, како и други почесни гости од јавниот и културниот живот во земјава меѓу кои и претседателката на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола, Елена Хаџи-Антоновска.

IMG 9b4d37313b076ea1268824bdf39cd4cb V

За време на свеченоста, од страна на домаќинката беше упатена силна порака за значењето на овој уметнички мост, нагласувајќи ја хуманата димензија на соработката:

IMG 206d13d0940f2815a1c82f6e655a8b03 V

„Нашата соработка има и силна човечка и културна димензија, која на прекрасен начин е преточена во творбите на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола. Повеќе од четири децении „Мал Битолски Монмартр“ од Битола ги обединува младите уметнички таленти од целиот свет. Особено ни е драго што вечерва изложуваме дел од нивните творби.“ – истакна амбасадорката Хрицова.

Словачка – традиционален е и еден од најзначајните партнери на Студиото. Словачката Република зазема посебно место во шестдецениската историја на „Малиот битолски Монмартр“. Од прогласувањето на својата независност, Словачка без прекин е редовен учесник на колонијата, при што нејзините млади уметници досега имаат освоено дури пет престижни Гран При (Grand Prix) награди. Врската е исклучително силна и масовна, со оглед на тоа што на светскиот детски ликовен конкурс кој трае 45 години и го носи насловот „Битола“, од Словачка на годишно ниво пристигнуваат над 150 пратки од училишта од сите краишта на земјата. Овој долгогодишен континуитет резултираше со импозантна бројка од над 9.500 детски цртежи од Словачка испратени низ децениите.

IMG d6f5eec06e71d70fbaca114c356f0fea V

Изложените творби пред присутните дипломати и државници се создадени на последната, 45-та по ред Светска детска ликовна колонија одржана во 2026 година во Битола. Патувањето на овие цртежи до главниот град е реализирано преку организаторот на колонијата, Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола, кое гордо одбележува значаен јубилеј – 60 години од своето постоење.

IMG f6b104a865ff58f7d7cc309d9c647467 V

Преку оваа изложба, Битола уште еднаш се потврди како светски центар кој ги обединува младите уметнички таленти од целиот свет и гради трајни мостови на соработка преку силата на детската уметност.

Човек кој е во прелест се чини дека е во непријателство и војна со сите други луѓе
Архимандритот Рафаил Карелин даде едно од најпрактичните објаснувања за тоа што е …
Пријателства и врски кои згаснале – лекциите што мора да ги научиме
Пушти ги пријателствата кои престанале да бидат пријателства и врските кои престанале …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…