habits

Се чувствувате ли како хрчак кој постојано врти на тркалото? Ден по ден, месец по месец, годините поминуваат. И не само што поминуваат. Предвидливи се, исти… Влегувајќи во петтиот месец од годината, се чувствуваме како вчера да си ја честитавме новата година. Кај и да е ќе почнеме да правиме планови за одмор, па ќе почне новата школска година наесен и кога еве повторно ќе дојде време да си честитаме Нова Година.

Двете години ковид пандемија малку не исфрлија од нашиот колосек. Првата година живеевме во страв, ги ценевме најблиските, го славевме животот. Втората година, веќе змии отровници почнаа да излегуваат од устите на сите. Во 2022 година, се вративме повторно на старите рутини, бидејќи две години или ги немавме или ги правевме во „ковид“ услови. Па нормално, треба пак да се вратиме во тркалото. И дури трепнавме, на датумот пишува 2023 година.

Но, дали тоа така треба да биде?

Ете да го земеме како пример денот кој сите ги асоцира на ливада и излет. Дали треба да чекаме да дојде Први Мај за да одиме на излет? Дали треба да го чекаме Први Мај за да се собереме со пријателите и да направиме скара? Или тоа може да го направиме во било кое време од годината, тогаш кога ќе имаме слободно време?

smoke g310fcdea5 1280

Ќе речат: Останало како традиција од порано…

Да, традицијата и обичаите несомнено треба да ги чуваме и да ги запазуваме, но само оние кои ни го потврдуваат идентитетот и ентитетот. Треба ли да бидеме робови на навиките, на рутината, на изреката: „Останало од порано“? Кога продолжуваме нешто и го правиме традиционално, треба да знаеме зошто го правиме, треба да ја знаеме суштината, а не да е само празно одбележување.

spring g14c053292 640 1

Не правете ги нештата затоа што „така останало“, туку затоа што вие така сакате и мислите дека така треба.

Денови, месеци, години исполнети со рутина. Која еден ден нема веќе да ни биде интересна. Напротив. Нема да не исполнува. Ќе сакаме да излеземе од неа. Но, прашање е дали тогаш ќе биде толку едноставно…

meblo trejd alati
Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот
Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да ти плачи. Колкупати ги …
Шејмус Мекгарви: Моќта која ја носи кинематограферот на сет, може да ги направи нештата спектакуларни
Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300" за особен придонес …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ го прослави 40-от роденден

Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола”…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…