руска црква насловна

На 2 јули го празнуваме споменот на Светиот Јован Шангајски и Сан Франциски, кој богослужел и во Битола.

руска црква 01
руска црква 02

Црквата „Света Троица“ односно попозната како „Руска Црква“ го слави неговиот спомен, чувајќи ги и покажувајќи ги на верниците предметите со кои св. Јован богослужел.

руска црква 08
руска црква 04

Неговите свештенички облеки и др. сместени се во просторијата каде верниците се молат во оваа Црква, во која често богослужел за време на неговиот престој во Битола од 1927 до 1934 како професор на Богословијата во Битола.

руска црква 05

Свети Јован Шангајски е роден во 1896 година, во Харковската губернија, Русија. По Октомвриската револуција, заедно со семејството најде засолниште во Белград, каде што се запиша на Богословскиот факултет. Во 1926, една година по дипломирањето, прими монашки потстриг, добивајќи име по неговиот далечен роднина свети Јован Тоболски. Во ноември истата година го ракоположија за јеромонах. Наскоро почна да работи како професор во Православната семинарија „Свети Јован Богослов“ во Битола. Јован стана голем подвижник; немаше спиено во кревет од моментот кога ги даде монашките завети па сè до своето упокојување 40 години подоцна; јадеше само еднаш дневно, еден час пред полноќ; за време на првата и последната седмица од Великиот пост воопшто не земаше храна, а во останатото време од Постот се поткрепуваше само со просфора од олтарот.

Беше назначен за надлежен архиереј на Шангајската епархија, Кина. Таму работеше на возобнова на единството меѓу локалните верници од различна националност, како и на изградба на соборен храм и многубројни други цркви и болници. Ги посетуваше болните и оние во затвор, и одеше кај секој тешко болен во кое било време од ноќта и денот за да се помоли крај неговата постела – многумина известуваа за чудотворни исцелувања.

Собираше дечиња болни и во неволји од улиците на Шангај и се грижеше за нив во сиропиталиштето што самиот го основа. Владиката служеше Божествена Литургија и се причестуваше со Светите Тајни секојдневно, сè до крајот на својот живот. Свети Јован служеше и на Филипините кога Русите мораа да ја напуштат Кина. Најпосле служеше во Сан Франциско. Неговите последни години беа исполнети со многу страдања, судири и клевети; Владиката дури мораше да сведочи на суд, но на крајот вистината победи. Ги претскажа времето и местото на својата смрт, и на 2 јули 1966 година, крај чудотворна Икона на Богородица, тој се упокои во Господа. Многумина известија дека им се јавил на сон или во видение, исполнет со радост и сиот во светлина. Во 1994 година црковната комисија на Руската Задгранична Црква откри дека моштите му се нетлени. Многу верници, молејќи се пред неговите мошти, добиваат исцелување и утеха.

meblo trejd mialnici 2
jk kipar carter
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…