Дали навистина е потребно по социјалните мрежи родителите да ги објавуваат училишните книшки и свидителства на своите деца полни со петки?

Дали е нормално амбицијата на родителот да се реализира преку детето?

За жал – колку и да се негира, оваа е реалноста.

На децата сѐ помалку им се дозволува да бидат деца, да имаат слободно време за себе – скокаат од активност во активност.

Јуни може да биде пеколен месец за три категории на корисници на социјални мрежи: оние кои мораат да се присутни на мрежите поради работата, родителите чии деца немаат петки по сите предмети и оние кои воопшто немаат деца. Постојано се редат објави, како и фотографии од евидентни листови или свидетелства, a парадоксално е тоа што – тоа се објави од родители, не од деца.

Колку е културно и чесно да се објавуваат лични работи на некој друг?

Претпоставувате, на објавите нема ниедна четворка, ниеден неоправдан изостанок. Па така, родителите чии деца имаат една четворка и неколку неоправдани изостаноци, избегнуваат да разговараaт за успехот на своето дете.

Е па, грешите.

Психологот Александра Јанковиќ смета дека овој тренд е тесно поврзан со неостварените амбиции на родителите. Луѓето кои се остварени немаат потреба да се прославуваат преку нивните деца.

  • Добро е да се запрашаат родителите зошто тие не објавуваат фотографии од нивните свидетелства? Затоа што најчесто станува збор за лечење фрустрации на родителите преку децата, лечење комплекси, а секако тука има и чувство на гордост – и тоа секако е исправно. Секој вистински родител се гордее со успехот на своето дете, но често се преминува границата и мерата – изјавува психологот Јанковиќ.

Мора да се расчисти една работа – колку и да му помага родителот  на детето, учењето е обврска на детето. Така што, тоа е успех на детето, не на родителот.

„Животот е мерило на интелигенцијата“ е реченица која се провлекува низ иглени уши и ретко кој е свесен вистински за буквалното значење. Училиштето заедно со родителите имаат задача да ги научат децата да размислуваат со своја глава, не да бидат папагали на системот.

Доколку цело време се повторува едно-исто нема напредок. Во ред е вашите деца да бидат оценети со сите петки, во ред е и да не се. Оценката не е мерило ни за знаење, ни за успех, затоа што секогаш паричката има две страни. Има ученици кои не покажувале особен интерес во основно, а во средно училиште  успеале да бидат меѓу првите, а се случува и обратно.  Се случува да заврши факултет ученик кој имал добар, многу добар успех и да биде одличен професионалец, а има ученици кои едноставно сакаат да многу учат, бујат од љубопитност.

Секое дете си има своое време на истакнување, нам како возрасни луѓе треба да ни се вреже во главите дека секогаш треба да им го даваме најдоброто од себе и како родители и учители – затоа што секако, сосема е природно нашите деца да бидат поуспешни од нас, попатно ги поддржуваме и им сме ветар в грб, затоа што во иднина тие ќе го заземат кормилото на светот, па подобро е да бидат максимално способни, отколку обични мекотели. На светов очајно му недостига природно будилничко – интелектуално движење – зошто да го кочиме напредокот?!

meblo trejd trimer
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…