Како дел од програмата на битолското културно лето, љубителите на класичната музика имаа можност да уживаат во прекрасните звуци на пијаното, во изведба на две врвни пијанистки од нашиот град, Татјана Божиновска и Билјана Димовска.
На програмата беа изведени дела од познатите балети на Петар Илич Чајковски.
Дуото пијано во состав Татјана Божиновска – Билјана Димовска работи заедно од 2009 год. и на својот репертоар има програма од барок до модерна музика. Има одржано повеќе рецитали низ земјата: Битола, Ресен, Прилеп, Охрид, Скопје, Штип, Гевгелија, и на фестивалите: „Интерфест”- Битола (2009, 2020), „Битфест” – Битола (2011, 2013, 2018), „Златна лира”- Скопје (2011, 2021), „Прилепско културно лето” – Прилеп, „Музички моменти” – Гевгелија.
Во 2013 година го снимаат и своето прво CD.