Старото битолско семејство на бавчанџии Константину и нивната ќерка Викторија Јоану, подоцна Јованова кое живеело во близина на Камен мост во 19 и 20 век било познато надалеку по градинарството, а особено по лозарството и производството на вино. Еден од членовите бил пратен да го изучува занаетот во Корча, каде останал да живее и основал своја дестилерија, а во чест на родната Битола го зел презимето Манастирли.  Така семејството се раселило низ целиот Балкан, а во поново време и низ целиот свет. Нивните поколенија исто така имале интересни професии : патувачки фотографи, трговци, уметници, музичари, пилоти и др. а денес тоа се семејствата Манастирли, Лала, Лазаревски, Тадиќ, Шампанинис, Јашмакови , Штрала, Костови и др.

Ова е е само краток опис на она што се зборува во книгата „Корени“, автобиографско дело на м-р Гордана Димитријевиќ Лазаревска, која две децении го истражуваше семејното стебло. На 6 август, книгата беше промовирана пред голем број битолчани, но и членови на поширокото семејство. Во голем дел од книгата се зборува за градот Битола и општествените прилики опфаќајќи го периодот од средината на 19 век па натаму.

Поразговаравме со Гордана за мотивот за пишувањето на книгата, процесот на истражување, емоциите за време на пишувањето…

Читај бе: На 6 август ја промовиравте Вашата книга „Корени“, плод на едно долгогодишно Ваше истражување за корените на старото битолско семејство Константину. Кој беше Вашиот мотив да го започнете истражувањето и сето тоа да го срочите во книга?

Гордана: Мотивот беше пред сé да се истражи и дознае нешто повеќе за семејната историја, но и да се остави нешто за идните поколенија.

meblo trejd alati 2
298724687 613939133452157 9001765955115154535 n

Читај бе: Кога прв пат ја слушнавте оваа историска приказна? Што Ве заинтригира?

Гордана: Уште од мојата најрана возраст слушав доста необични судбини за одредени членови на семејството, па и за целокупното семејство. Ме заинтригира нивната цврстина, нивната смиреност да се прифатат работите онакви какви што се и да се оди напред во животот. На пример, во 1922 година, за време на големата експлозија во Битола, нивната куќа се срушила до темел. Но тие веднаш ја виделе добрата страна – во моментот на експлозијата се враќале од црква и си ги спасиле животите.

Читај бе: Колку време работевте на книгата, колку време истражувавте? Тешко ли беше да се дојде до сите податоци кои Ви беа потребни?

Гордана: Книгата всушност започнав да ја пишувам пред повеќе од 20 години. Повеќе од половина беше готова и во еден момент престанав. Престанав затоа што еден од членовите на семејството заминал за Корча пред Првата светска војна да го усоврши занаетот за правење на алкохолни пијалоци и таму основал своја дестилерија и свое семејство. Во чест на родната Битола, го зел презимето Манастирли. Потоа неговите потомци се раселиле насекаде низ светот и беше прилично тешко да се пронајдат. Дури откако ги остварив контактите, продолжив со пишување. Обемни беа и истражувањата во архивите и други институции.

298799432 729769244756639 8776230906465774409 n

Читај бе: Каква е Вашата поврзаност со семејството чија историја ја истражувавте и ја пренесовте во книгата?

Гордана: Тоа е всушност моето семејство по страна на мојата мајка. Започнува во 1930 година кога се родиле моите прапрародители Кости и Лена Константину, познати градинари и лозари, продолжува со нивната ќерка Викторија Јоану, подоцна Јованова, па се до денешни дни кога веќе имаме и осмо колено. Инаку, освен во Битола, семејството е раселено низ целиот свет. Тоа се денешните фамилии Манастирли, Лазаревски, Тадиќ, Костови, Лала, Марковиќ, Џиџо, Смилевски, Штрала, Барди и многу други.

Читај бе: Што е она што Ве фасцинираше додека истражувавте?

Гордана: Фасцинирана бев од животот воопшто на овие простори, од убавината на патријархалното семејство каде во една куќа живееле повеќе генерации, од скромноста, чесноста и солидарноста, но и од интересните професии кои ги имале моите предци. Тие биле пилоти, трговци, патувачки фотографи, уметници, музичари…

298444860 766332838038385 8672795747308055403 n

Читај бе: Какви беа емоциите додека истражувавте и ги собиравте фактите, фотографиите…

Гордана: Емоциите тешко можат да се опишат, особено кога ќе дознаев некој нов податок. Наидов и на многу интересни фотографии кои добро се чувале во семејните албуми низ целиот Балкан и после сите војни, затворени граници и други премрежија на крајот сепак излегоа на виделина. Голем набој на емоции се појави и кога за прв пат се сретнавме братучеди никогаш невидени; многу гушкање, плачење, бакнување, радост, тага….

Читај бе: Преку пишувањето за оваа историја се навративте во Битола во 19 век. Што можеме да прочитаме во книгата за ова време?

Гордана: Евидентирани се случувањата во градот за време на Првата светска војна, Отоманското владеење, Балканските војни, Втората светска војна и опишани се преку животот и растежите и падовите на семејството Јоану.

298146842 807546440447260 2385629876678700604 n

Читај бе: Колку е важно да си го знаеме минатото, семејната историја, не само за нас лично, туку и заради продолжување на името на Битола?

Гордана: Во ова време на отуѓување на човек од човек, во ова време пренатрупано со неизвесности, кога сакале или не, одот на времето го покрива животот што еднаш бил, треба да го негуваме семејното стебло, да не заборавиме кои сме и што е најважно да го разгрануваме со нови лисја. Посакувам секое семејство да си го најде своето место во битолските хроники.

    10.000 евра и 100% стипендија за Бреинстер НЕКСТ факултетот за Дамјан Давков, победникот на најголемиот математички натпревар UltiMATH
    По два дена исполнети со многу возбуда, знаење и натпреварувачки дух, Македонија …
    Реалниот христијанин денеска е личност којашто е често непочитувана, исмејувана, прогонета
    Човекот кој има реална љубов во него за луѓето околу него – …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

    Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

    Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

    15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

    Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

    Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

    Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

    Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…