Шеесет планинари новата година ја дочекаа на Пелистер и го имаа најубавиот поглед – првото изгрејсонце во новата година.

Планинарската група „Олимпус Монс“ по 12 пат на 1 јануари ја организира турата со симболично име „Први на први“.

-Искачувањето го започнавме од Инфоцентарот на НП Пелистер на  1350 мнв, се движевме по патека долга 14 км, во правец на Цапарска пресека, Ловечка куќа,  се до врвот Пелистер каде  пристигнавме околу 5,30. „Први на први“  е прв спортски настан на Балканот, можеби и поширок, и полека но успешно прераснува во еден препознатлив битолски бренд.  Целта на овој настан е да ги промовираме  убавините и потенцијалот на НП Пелистер кој го има и нуди во насока на идниот економски развој на поширокиот регион. Исто така, со овој настан сакаме да ja поттикнеме љубовта кон планината и  планинарењето, вели Иванчо Тошевски, претседател на Олимпус Монс и еден од организаторите на настанот.

Секоја година магијата на првото изгрејсонце на Пелистер е уникатна, велат организаторите, а годинава беше надополнета со огномет. Настанот е проследен со интересни случки кои долго се паметат, па имало запросување, почеток на нови врски, нови пријателства.

Вознесение Христово Спасовден
Православната црква го празнува празникот Вознесение Господово, кај народот познат како Спасовден. …
Животот и со криви линии може да напише вистинска приказна
Во животот, некогаш тишината му одговара на човек повеќе од сѐ, веројатно …
You May Also Like

„Руска црква“ го чува споменот на големиот угодник Божји, свети Јован Шангајски кој често богослужел во неа

Мала и невообичаена по својот изглед, но зрачи со огромна светлина. Кој…

Истанбул – градот кој ве остава без здив

Репортажа на Маја Богоевска Кога се доближувате до него, ви се јавува…

Ве водиме во еден од најубавите градови во светот – Лисабон

Репортажа на Сара Трајчевска Ако имате прилика да го посетите Лисабон во…

Репортажа од Божиќниот маркет во Нирнберг – вториот по посетеност настан во Германија по Октоберфест

Репортажа на Љубица Петковска Нирнберг е најдобро чуваната тајна на Германија. Вториот…