Во рамките на БИТ ФЕСТ се одржа концерт за глас, кларинет и пијано со Весна Гиновска – Илкова-сопран, Ристо Ѓоревски-кларинет и Елена Атанасовска – Ивановска – пијано.

Нивната програма беше исполнета со дела од P. Шуман за кларинет и пијано, арија од операта “Gianni Schicchi” од Џ. Пучини, дела од В. А. Моцарт, А. Гргин, Б. Ковач, Ф. Шуберт и А. Пјацола.

294815662 168028415714077 1596187704888632520 n

Македонскиот сопран Весна Гиновска Илкова во изминатите две децении е водечки драмски сопран во Македонската опера и балет. Девојката со кадифен глас, која со својата харизма и силна музичка драматичност ја воодушевува публиката. За неа велат дека го има најсофистицираното пијано и специфична вокална креација по која се препознава секоја нејзина изведба и интерпретација на музичко сценско дело.

294898148 5264623763606210 3530406260170766869 n

Елена Атанасовска – Ивановска е една од најуспешните и најафирмираните пијанисти во Република Македонија, која активно учествува во музичкиот живот во земјава, но и надвор од неа. Соработувала со Македонската Филхармонија како нејзин надворешен пијанист, како и со оркестарот за филмска музика F.A.M.E.S. Во моментов работи како доцент по корепетиција и практика на Факултетот за музичка уметност- Скопје.

294719918 168032402380345 3205207351469127926 n

Ристо Ѓоревски во своето досегашно искуство, меѓудругите значајни настапи, настапувал и со различни формации, оркестри или солистички во Австрија, Aлбанија, Србија, Словенија, Словачка,Бугарија, Полска, Босна и Херцеговина, Русија, САД, Индонезија, Израел и др. Исто така, три пати настапувал како солист со Македонската Филхармонија и оркестарот на Македонската опера и балет, а забележителни настапи како солист има и со Московскиот државен академски симфониски оркестар во Москва 2015 г. и со Дувачкиот оркестар на Музичкиот универзитет Фредерик Шопен во Варшава, Полска 2017 г. Во 2018 заврши специјализација за изведба на кларинет на Музичкиот универзитет Шопен во Варшава, Полска и истата година на Интернационалниот фестивал Клариманиа во Вроцлав, Полска учествуваше како прв учесник од Македонија каде што се претстави со рецитал, предавање и мастерклас.

294900933 168032569046995 7658434096633186296 n

    Триото „Интерарт“ со концерт во Струмица: Камерна музика со домашен и светски печат
    Триото „Интерарт“, составено од флејтистите Емилија Ристевска …
    Кавала и Тасос – две дестинации, едно незаборавно патување
    Кавала, често нарекувана „Амфитеатар на Егејот“, е …
    Секој пат кога некој ќе ве повреди, прашајте го дали му е полесно
    Секој пат кога некој ќе ве повреди, …
    Самотијата ни помага да се заштитиме во тешките моменти
    Самотијата може да ни биде начин на …
    Држете се настрана од луѓето кои глумат жртви во проблемите што самите ги создаваат
    Сите барем еднаш во животот сме сретнале …
    Прегласниот свет и тивкиот човек
    Пишува: Сара Танаскоска Живееме во време кога …
    Здравје во боја – овошја што го разладуваат телото и ја хранат душата
    Летото е време кога нашето тело природно …
    Си дошол на овој свет за да се истакнеш, а не да се претопиш во толпата
    Не слушај приказни и како се одвиваат …
    150 ученици од Новаци на дводневен престој во Хотел „Молика“
    Преку трипартитна соработка меѓу АД ЕСМ, ЕСМ …
    You May Also Like

    Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

    Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

    Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

    Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…

    Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

    Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

    Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

    Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…