medeja 1

На 27 и 28 октомври, со почеток во 20 часот, на големата сцена на Центарот за култура – Битола, публиката ќе има можност да ја погледне „Медеја МК“ со Валентина Грамосли, сценско читање на митот за Медеја што ги спојува театарот, музиката, поезијата и аудиовизуелните елементи во единствена сценска целина.

Создадена според „Medeamaterial“ на Хајнер Милер, со поезија на Ана Бунтевска и песни на Марјан Неќак, претставата отвора простор за длабоки прашања и размислувања за човекот, неговите чувства и внатрешни конфликти, кои продолжуваат да одекнуваат и по завршувањето на сценското доживување.

Адаптацијата, режијата, аудиоинсталацијата и музиката се на Марјан Неќак, кој преку спојот на различни уметнички изрази создава современо сценско толкување на познатиот мит.

Авторски тим:

  • Според „Medeamaterial“ на Хајнер Милер, поезија на Ана Бунтевска и песни на Марјан Неќак
  • Превод: Наташа Аврамовска и Елена Китановска – Ристовска
  • Сценографија: Марјан Неќак и Сергеј Светозарев
  • Видеопроекции: Сергеј Светозарев
  • Инспициент: Александар Црвенко
  • Тон-мајстор: Тони Тошевски
  • Видеооператор: Владимир Пераловски
  • Дизајн на светло: Никола Ѓеорѓиевски
  • Дизајн на плакат: Сашо Илковски

„Медеја МК“ е сценско доживување што ги поврзува класичниот мит и современиот уметнички израз, нудејќи поинаков поглед кон приказната за Медеја и темите што таа ги отвора.

Зошто понекогаш помалку навистина значи повеќе?
Често се стремиме кон совршенство, убедени дека за да постигнеме нешто подобро, …
Преподобна Параскева како пример за духовното мајчинство 
Оваа славна светица, Преподобна Параскева е особено почитувана кај сите балкански народи, …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…