Започна 16-то издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“ 2022 кое се одржува во рамките на Бит Фест.

Локум фест е фест е првата фестивалска манифестација во Македонија која својот зародиш го има во старата битолска чаршија, како обид да се сврти вниманието кон истата. Битолската чаршија синоним за занаети, еснафи, мултикултурализам и секако за кафе со локум како синоним за средба, со години се празни, а објетите ги јаде времето. Амбиенталната архитектура, сведок на едно време, се повеќе се стилизира или распаѓа, а со тоа и нашата врска со минатото. Оттаму и е мотивот и идејата за фестивал кој ќе ги спои во еден концепт: музиката, традицијата, креативните индустрии и културното наследство.

lokum fest

Фестивалот започна вечерва, 21.07 на платото на Офицерски дом со македонската етно група „Монистра“ кои одбележуваат 20 години постоење, а продолжи со фантастичните момци од Бретања-Франција, PLANTEC , чиј што звук е спој на традиционална и електронска музика.

lokum fest1

Интересен ќе биде утрешниот настап (22.07) со играње и пеење на балканска музика со познатата храватско-шведско-македонска група „Афион“. Во сабота пак, традиционално фестивалот се сели во старата битолска чаршија каде се предвидени работилници за музичко новинарство и промоција на магазинот „Етноумље“, со гостите од Србија, како и Саем на ракототворби со ЗУР „Македонски ракотоворби“ и изложбата подготвена од Државен архив – одделение Битола, насловена како„Данабаш низ архивскиот материјал – Раскошот и проклетството“.

Музичкиот дел ги носи и чуварите на традицијата, Пензионерското пејачко друштво „Сирма Војвода“ од Битола, тајфата „Антико“ и специјалните гости, бендот „Gipsy Groove“.

Музичкиот концепт е јасен во својата намера да промовира македонски ансамбли кои негуваат стилови на традиционална музика за што сведочи долгата листа на досегашни учесници како: Чалгија саунд ситем, Баклава, Љубојна,Тони Китановски и Черкези, Кинг Велинов и Кочани оригинал оркестар,Вања Лазарова, Драган и Ратко Даутовски, Влатко Стефановски…Од региониот на Локум фест настапиле бројни ансамбли од етно-фјужн музика од Унгарија Полска,Словенија, Србија, Хрватска, Албанија, Грција, додека светските имиња доаѓаат од Индија, Египет, Јапонија, Бразил, Данска, Шведска, Финска и др.

meblo trejd alati1
Библиотеката се грижи и за повозрасните читатели – донација за патрониот празник
По повод Патрониот празник во холот на Библиотеката од денеска е поставена …
Рутини кои би можеле да ви помогнат при несоница
Несоницата понекогаш трае ноќ или две, но во други случаи тоа е …
Бутин: Секој во животот добива онолку колку што ќе се осмели
Само што почнав втора година Гимназија, првпат се сретнав со социологот Емил …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…

Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…