Младиот музичар, Димитар Митревски oд Битола, на музичкатa сцена за прв пат се појави со свој сопствен аранжман и музика на песната ,,Ти си ми се”. Тој е дипломиран музичар на Факултетот за музичка уметност, кој со хармониката како инструмент изгради нераскинлива врска уште од мали нозе.  Димитар ужива во она што го прави и работи денес. Поразговараме со Димитар за целиот процес, од самата идеја до исполнувањето на истата, а Митревски, за Читај бе, вели дека во скоро време следува и снимање на спот за песната „Ти си ми се”. Младиот музичар очекува подршка од битолчани и се надева на уште поголем напредок на музичко поле во иднина.

Читај бе: Димитар, од каде е инспирацијата за создавање баш на оваа авторска песна, наменски создадена за првиот свдбен танц на младите?

Димитар: Ние како оркестар „Фаворити“ имаме доста свои авторски песни, но ова е прва наша песна во ваков жанр. Ние сме пред сè група за свадби, а свадба не може да се замисли без првиот свадбен танц. Така дојдовме до идејата да се направи нешто оригинално и нешто свежо баш за таква пригода. Текстот е на мојот колега Оливер Ѓоргиевски член на група „Фаворити“ за кој можам да кажам дека е главниот виновник за оваа песна, чиј текст ми беше голема инспирација да направам музика и аранжман.

278103969 506035411196536 2195269816304077252 n

Читај бе: Колку време ти беше потребно за подготовката на музиката и аранжманот, како и за целата изведба на истата?

Димитар: Текстот е напишан уште пред една година и од самиот текст ми произлезе многу музика, но требаше да помине некој период целото тоа да созрее и да прерасне во сегашната верзија. Немавме зададено рок до кога ќе биде издадена песната па затоа малку се пролонгира целиот процес. Но кога се одлучивме да ја реализираме, одбравме продуценти и екипа на музичари изведувачи. 

Голема благодарност до изведувачите: проф. Горан Трајковски за изведбата на сопран и тенор саксофон, Владо Димовски – Бас гитара, Александар Томевски – Соло гитара, Јове Николовски – Тапани, Вокал – Јове Николовски, Пратечки вокал – Ема Јовановска, Снимено кај Александар Томевски, Mellivora studio,  додека микс и мастер кај Славко Ристески – Pro Sound studio.

278236705 543531250446445 2458824566254035076 n

Читај бе: Првиот свадбен танц е значаен за младенците, колку беше тешко или лесно да се направи една ваква наменска песна?

Димитар: Ми одзеде доста време, но ми беше задоволство да работам на ваква песна и да направам нешто ново и необично за група „Фаворити“. Се надевам дека ќе биде избор кај многу младенци како прв свадбен танц.

Читај бе: Можеш ли да ни ја кажеш твојата поврзанност со музиката? Кога за прв пат го пронајде талентот во себе и што те натера да тргнеш по патот на музиката?

278655244 1355892448253305 5160590919902100810 n

Димитар: Јас потекнувам од музичка фамилија, татко ми е хармоникаш и пејач. Од многу мал пројавив интерес за музика, слушајќи го татко ми како музицира по дома. Започнав да свирам народна музика на хармоника кога имав 6 години, која сакав да ја учам без никаков притисок од дома. Потоа се запишав средно музичко училиште во Битола каде станав љубопитен за изучување на класична музика и свирење на клавир. Пред една година дипломирав на Факултет за музичка уметност во Скопје на отсек Музичка теорија и педагогија. Желбата за изучување на музика не ми заврши тука. Собрав храброст и секојдневно одвојувам многу време за изучување класично пијано. Оваа година запишав втор факултет на отсек пијано и само жалам што порано не го сторив тоа.

278716655 1026614354927028 1941248452362596743 n

Читај бе: Кои се твоите планови и намери во иднина? Што се би сакал да придонесеш на македонската музичка сцена?

Димитар:  Се надевам дека во иднина ќе бидам автор на многу песни. За сега сум ориентиран на изучување на пијано и уживам во процесот, па што е мое со голем труд ќе си дојде. Во меѓувреме нема да ја оставам и хармониката, бидејќи ми е прв инструмент преку кој ја засакав музиката.  Воглавно сум задоволен со македонската народна музика и во план ми е да издадам мој соло албум за хармоника. Веќе имам снимени и издадени композиции и за брзо време ќе објавам нешто ново од мене како солист.

Разговараше: Сара Трајчевска

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…