Благодатниот оган се појави во храмот на Светиот гроб во Ерусалим. Благодатниот оган ја симболизира непроизведената светлина на Воскресението Христово, за која зборувал апостол Петар и се смета за света.
Појавувањето на Благодатниот оган во пресрет на православниот празник Велигден, кое е придружено со молитвите на православниот патријарх, свештениците и верниците, сè уште се смета за „чудо од слегувањето на Благодатниот оган“.
Верниците се молат и палат факели и свеќи од пламенот за кој веруваат дека чудесно бил запален во гробот на Исус во црквата.
По обредот на спуштање на Блажениот оган, пламенот со авион се пренесува во другите православни општини во Грција, Русија, Украина, Србија и Грузија.
Слегувањето на Благодатниот оган го дочекаа голем број верници.
Зошто Благодатниот Оган секогаш Го дочекува Православен патријарх?
Благодатниот оган секоја година слегува во вид на светлина од небесата и ги запалува свеките на православниот патријарх кој пред тоа има посебни подготовки со пост(без да вкуси ништо од Цветници ), молитва итн.Но,нечестивиот помогнал и во 16 век Ерменците со измама ги поткупиле Ерусалимските власти и за дочекувањето на Благодатниот Оган бил избран нивниот патријарх. А на православниот му било забрането воопшто да влезе во Храмот. Затоа Патријархот и останатиот православен народ останале пред порите на Храмот на Христовото Воскресение.А не биле свесни подмолните , дека со оваа постапка само ќе ја потврдат Православната вера како единствена ВИСТИНСКА права вера.Имено, се случило вака: Православниот Патријарх стоел пред портите на храмот, во молтва и со сите претходни припреми како вообичаено и во рацете држел 33 свеќи како и сите други, а Ерменскиот бил внатре на Гробот Господов очекувајќи го слегувањето на Благодатниот Оган . Но, ако ги излажале Ерусалимските власти, Бог неможе никој да Го излаже, па така Благодатниот Оган во вид на светлина, со брзина на молња удира во средниот столб пред портите и со пламен се запалуваат свеќите на Православниот Патријарх. Во радост сите воскликнувале Алилуја Алилуја Христос Воскресна! А Ерменците останале посрамени.Сето ова што се случило го видел еден муслиман кој бил на прозорот над портите. Од страв и вчудоневиденост тој паднал одозгора , но по Божја промисла останал жив. Тогаш тој Го признал Исус за свој Бог и рекол дека верува во Него. Поради тоа бил погубен од муслимани и така крстен во сопствената крв тој станал Христов маченик.Имало и уште еден случај предходно кога други сакале да го дочекаат Благодатниот Оган, но тогаш воопшто не слегол , а после овој настан до ден денешен никој не се осмелил на такво нешто.Слава Ти Господе на Твојата голема милост!