23 Април е Светски ден на книгата и авторските права, а по тој повод денес директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Бојан Стефановски на нашите драги битолчанки им подари книга и цвеќе и им ги честита престојните велигденски празници посакувајќи им многу здравје и среќа.

Светот 23 април како симболичен датум во светската книжевност го одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право, а во чест на двајцата великани на светската книжевност Вилјам Шекспир и Мугуел де Сервантес кои со своите дела го задолжија човештвото.

Во далечна 1995 година, УНЕСКО го прогласи 23-ти април Светски ден на книгата и авторските права, овој датум има уште едно посебно значење за Каталонија. Тоа е ден на Свети Ѓорѓи (Sant Jordi) ден на љубовта и литературата што се прославува во Барцелона и низ Каталонија преку иницијативата Книги и рози. Оваа глобално призната иницијатива што обединува книги, рози и љубов се пренесе надвор од границите на Каталонија со преку 150 активности кои се одржуваат секоја година во повеќе од 50 земји.

Порака од г-а Одре Азуле, генерaлeн директор на УНЕСКО, по повод Светскиот ден на книгата и авторското право

Книгите, уште одамна, ја отелотворуваат човечката способност за создавање светови, и реални и замислени, давајќи глас на различните човечки искуства. Тие ни помагаат да споделуваме идеи, да добиеме информации и да поттикнеме восхит за различни култури, овозможувајќи далекосежни форми на дијалог меѓу луѓето низ просторот и времето.

Непобитен е потенцијалот на книгите да му дадат чувство на исполнетост на човека и да создадат општествени промени. Според зборовите на познатата нигериска авторка Чимаманда Нгози Адичи: „Да се избере да се пишува значи да се отфрли тишината“. Ова е причината зошто УНЕСКО е одлучно посветена на промовирање на пристапот до книгите и читањето – на пример, преку нашата програма Светска престолнина на книгата. Во 2022 година, мексиканскиот град Гвадалахара го презема називот Светска престолнина на книгата, со едногодишна програма којашто се фокусира на улогата на книгите и читањето во поттикнувањето општествени промени, борбата против насилството и градењето култура на мир.

Во моментов, и покрај важноста на книгите за одржување на социјалната благосостојба, издавачката индустрија се соочува со големи пресврти – пред сè, со дигиталната трансформација. Овие предизвици станаа навистина јасни за време на КОВИД-19, кога падот а приходите ја зголеми ранливоста на авторите и на продавачите на книги, како и на другите креативни професионалци низ синџирот на вредност. Исто така беше загрозена и културната разновидност, бидејќи бројот на објавени наслови неизбежно се намали.

Во несигурни времиња, мораме да ги цениме и браниме книгите како симболи на надеж и дијалог. Тоа значи да се солидаризираме со професионалците коишто го шират нашето книжевно наследство – писатели, уредници, издавачи и преведувачи. Овие професионалци, додека градат мостови меѓу континентите и културите, мора да бидат заштитени и да се признае нивната вредност.

УНЕСКО е цврсто посветена на оваа цел. Во време кога дигиталната технологија ја менува издавачката индустрија, ние се залагаме за правичен надомест за авторите и за заштита на културната разноликост. Ја поддржуваме работата на издавачите преку активности како што се партнерства со Меѓународниот форум на автори, Меѓународната федерација на библиотечни здруженија и институции и Меѓународната асоцијација на издавачи. На Светскиот ден на книгата и авторското право, ги повикувам сите партнери на УНЕСКО да ја споделат пораката дека книгите се сила со којашто може да се справиме со современите предизвици, да ја разбереме политичката и економската реалност и да се бориме против нееднаквостите и дезинформациите. Раскажувањето приказни е неверојатно ефикасна алатка кога станува збор за едукација на помладите генерации.

Навистина, книгите се витални средства за пристап до пренесување и промовирање на образованието, науката, културата и информациите ширум светот. Поради оваа причина секоја година, на 23 април – датум што го означува заминувањето на тројца големи автори на светската литература, Мигел де Сервантес, Вилијам Шекспир и Инка Гарсиласо де ла Вега – ја славиме нивната волшебна моќ да поттикнат иновации, да генерираат знаење и да го сменат начинот на мислење.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…