На 17. Меѓународен детски ликовен конкурс во организација на детското уметничко ателје при Библиотеката “Христо Ботев – 1917” од Софија, Бугарија, учениците од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола кои се на возраст од 5 до 13 години, освоија 17 индивидуални награди.
Имено по пошта организаторот информираше дека за конкурсот за 2О22 година од ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола за ликовните дела наградени се: Ивана Петрова – Ана Стојановска – Јована Анастасовска – Калина Стефановска – Марија Миленковска – Јована Талевска – Теодора Стојанова – Ева Јаниќ – Лили Илиевска – Нина Христова – Ева Јанкуловска – Марија Јанкуловска – Сирма Спиркоска – Ана Полизовска – Марија Вангеловска и Ана – Марија Цветковска.
На конкурсот за 2О22 година пристигнаа над 5.ООО дела од 3О држави при што со посебно признание за педагошкиот пристап во работата е награден ликовниот педагог при ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола – Ангела Каранфилова.
ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола оваа година на светската детска ликовна сцена “собра” огромен број награди и признанија, а се уште се во тек или не се објавени резултатите од меѓународен карактер од конкурсите во Белград, Србија и Мадеира, Португалија.