cross 4062996 1280

Потврдивме дека древниот обичај на крстење на храната и пијалокот пред оброкот има длабоко мистично значење –кажува физичарката Ангелина Малаховскаја. „Позади тоа стои практична корист: храната се чисти буквално во истиот миг“. Ова е големо чудо кое се случува буквално секој ден. Ангелина Малаховскаја го водела своето истражување за силата на знакот на крстот скоро 10 години.

cross 2082 640


Направени се голем број на експерименти, кои сѐ повеќе пати проверувани пред објавување на резултатите. Откриени се единствени бактерицидни својства кои се јавуваат во водата од нејзиното осветување со молитва и знакот на крстот. Откриено е ново, претходно непознато својство, Зборот Божји ја трансформира структурата на водата, значајно зголемувајќи ја нејзината оптичка густина во краток ултравиолетов дел на спектарот.
Самата можност на овие студии за Ангелина Малаховскаја и нејзините колеги од Санк Петерзбург беше чудо – не беа финансирани и не беа вклучени во истражувачки институт. Но, научниците направиле огромна работа бесплатно – само да му дадат прилика на луѓето да ја осетат и видат Божјата исцелителна моќ.

cross g047a73cec 1280


Научниците го тестирале дејството на молитвата „Оче наш“ и прекрстувањето на патогени бактерии. За тестирање зеле примероци на вода од различни резервоари – бунари, реки, езера. Сите примероци содржеле Ешерихија коли и Стафилокока. Резултатот, ако се прочита „Оче наш“ и се прекрсти водата, бројот на штетни бактерии се намалува за 7, 10, 100 па дури и 1000 пати!
Според условите на експрериментот – да се исклучи можноста за ментална сугестија – молитвата ја читале и верници и неверници, меѓутоа бројот на патогени бактерии во различни средини (со различен број на бактерии) е сепак намален во однос на контролниот примерок.

sorrow g4634d31ea 1280

Благотворното дејство на молитвата и крстењето на човекот е тоа што сите испитаници го стабилизирале крвниот притисок, а крвната слика им се поправила. Изненадувачки факт е дека сите индикатори се промениле баш во правец потребен за исцелување: кај хипотензивните пациенти притисокот расте, кај хипертензивните се намалува.

Исто, е забележано ако личноста не се прекрсти точно – христијански (со собрани три прста, и на неопходните четири точки на челото, центарот на стомакот, на крајот на десното и левото рамо) позитивниот ефект е многу помал, или воопшто го нема.

Научниците ја мереле и оптичката густина на водата пред и после прекрстување и осветување. Резултатот е зголемена оптичка густина после осветување и прекрстување според Малаховскаја. Тоа значи дека водата, може да се каже дека „ГО РАЗЛИКУВА“ ефектот на молитвата врз неа, го памти овој ефект и го чува прилично долго време – во својство на зголемена вредност на оптичката густина. Се чини како да е „заштитена“ од светлината. Човечкото око, секако, не може да ги види овие лековити промени во структурата на водата. Но спектографот дава објективна проценка на овој феномен.

662G6460 Moment

Знакот на крст скоро во истиот миг ја променува оптичката густина на водата. Оптичката густина на вода од чешма, која обичните верници ја осветувале со прекрстување, се зголемува за скоро 1,5 пати! А кога е осветена од свештеник – скоро 2,5 пати! Всушност, водата „разликува“ степен на осветеност – од обични луѓе или свештеник, чии прсти на десната рака се склопени за благослов така што ја прикажуваат првата буква на името Христово.
Интересен е и резултатот на осветената вода, но од неверна личност која не носи крст на градите. Водата дури го „разликува“ и нивото на вера – оптичката густина се променила само за 10%. Навистина – „спрема верата твоја – тоа го добиваш“.

Затоа што човечкото тело е создадено од повеќе од две третини вода, тоа значи дека Бог во нас при создавањето поставил таков систем на физички канали кои ги регулираат сите биохемиски процеси во телото, кои јасно го „препознаваат“ името на Исус Христос!

cross g3ade342b4 1280

Можеме да кажеме дека знакот на крстот е генератор на светлина. Никакви други промени (зголемувања) во оптичката густина на водата од чешма не се детектирани со никакви други знаци направени со раце или прсти (дланка, неправилно преклопување на прстите, брзо и неправилно движење на раката)

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

„Скокнав од работ на совеста и нурнав во вртлогот на забрзаниот крвоток“ – денот на поезијата го одбележуваме со стиховите на Силвана Нешковска

На Светскиот ден на поезијата беше промовирана збирката поезија „Првата половина“ од…