Теодолинда Паскоал, директор на светската детска ликовна колонија и изложба на дела на млади ликовни уметници „Евора 2O22” – Португалија, која оваа година го бележи своето 23-то издание, денес ги соопшти резултатите од годинешниот конкурс чија тема беше домашни миленици.

На конкурсот пристигнаа 10.000 дела од 30 земји од Велика Британија па се до Хонг Конг [ Кина ] – Малезија и Јапонија.

На оваа тема со информации се обратија и од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола од каде истакнаа:

„Имаме еден „Златен медал” за нашиот ученик Ангела Цветковска (17) по што следат пет „Сребрени медали” за Ангела Бошевска (11) – Ивана Петрова (10) – Јана Сивакова (9) – Јована Анастасовска (6) и Бојан Нечевски (6) како и 17 Специјални Дипломи за учество и прикажан посебен ликовен пристап кон творештвото за што наградени се: Ангела Јовановска (7) – Ана Полизовска (13) – Анастасија Наумчевска (13) – Дарија Велјановска (9) – Фросина Полизовска (8) – Исидора Ристевска (8) – Јована Велјановска (14) – Леа Стерјев (14) – Лили Илиевска (9) – Марија Вангеловска [ 1О ] – Марија Миленковска (5) – Матеј Поповски (6)– Михаела Огненова (9) – Нина Христова (9) – Сара Сотировска (8) – Сирма Спиркоска (14) и Томислав Атанасовски (10).

Како конкурсот во Евора – Португалија е еден од позначајните во текот на една календарска година за детските ликовни уметници – ние сме презадоволни со резултатите кои ги постигнаа нашите ученици.” – истакна Ангела Каранфилова – ликовен педагог при ДЛС Свети Кирил и Методиј Битола.

viber image 2022 08 01 10 06 01 319

Претседателот на ДЛС Свети Кирил и Методиј Битола – Елена Хаџи-Антоновска воедно истакна:

“Евора е предизвик воедно и со колонијата која се реализира а е со поддршка и на УНЕСКО. Па така како и годините претходно и оваа во периодот од О9 – 16.1О.2О22 година ДЛС Свети Кирил и Методиј Битола ќе земе учество со свој тим воедно и поради фактот што самиот концепт на детската ликовна колонија во Евора – Португалија со одобрение е пресликан и настана од светски препознатливиот бренд “Мал Битолски Монмартр”.

viber image 2022 08 01 09 52 30 224

Координаторот на работни активности и проекти при ДЛС Свети Кирил и Методиј Битола – Славчо Неделковски ги истакна и проектите кои веќе се договорени за периодот кој претстои:

“Со резултатите од Евора ние се квалификувавме за учество на колонијата во Португалија. Планот е да патуваат 2 ученици и еден претставник од ДЛС Свети Кирил и Методиј Битола и тоа во периодот за кој веќе ве информираше Претседателката.

viber image 2022 08 01 09 52 29 814

Но за оваа есен тоа не е се. Започнуваме со 31-вата традиционална изложба по повод 8-ми Септември Денот на независноста која секоја година била во варијации на објекти низ Битола, а оваа најверојатно ќе ја реализираме на платото пред МБМ или во самата Национална детска ликовна галерија „Мал Монмартр” но во секој случај ќе е во Старата битолска чаршија.

Во септември исто така ќе ја реализираме Изложбата на дела од 4О ликовни колониии од МБМ во Благоевград – Бугарија со нашите партнери – Државниот културен институт при Министерството за надворешни работи на Бугарија – Културно – информативниот центар на Бугарија во Македонија и секако Генералниот Конзулат на Бугарија во Битола.

viber image 2022 08 01 10 06 09 439

Во октомври освен детската ликовна колонија во Евора – Португалија ќе реализираме и Изложба со тридневна мини колонија во Тирана – Албанија со нашите партнери – Националниот центар за култура кај децата во Тирана и Министерката за култура на Албанија – Елва Маргарити.

За крајот на октомври веќе е договорена изложба во Генералниот Конзулат на Грција во Битола и тоа на 28.1О.2О22 година при што веќе се работи на финесите за настанот.

Се работи и на завршната Предлог Програма за Проект кој ќе го реализираме и во периодот од О1 – О5.11.2О22 година во Софија со нашиот партнер “Фондацијата Бугарска Меморија”.

Она на што ќе посветиме внимание до крајот на годината е концептот на Детска колонија за графичари и графички дизајнери која би траела четири дена – три ноќевања а за која како партнери би ги вклучиле графичкиот отсек при СОУ Таки Даскало – Битола – графичкиот отсек при Техничкиот факултет во Битола при Универзитетот Свети Климент Охридски во Битола и сосема логично организаторите на Меѓународното Графичко триенале кое во Битола се организира 28 години поточно една година по отворањето на графичкиот отсек при тогаш ЦСНО Таки Даскало Битола и сметаме дека ова е сосема логичен тек на настаните како имаме огромен број детски графики на кои мора да им обезбедиме основа за оценка и натпревар во квалитетот.

Од технички аспекти започнуваме за Барања за финансии за реконструкција на кровот на објектот во којшто работиме затоа што од техничките но и Статутарни можности да работиме со 4О ученици ние веќе имаме 6О па со почетокот на учебната 2О22 / 2О23 година се надеваме дека целосно ќе ја обновиме кровната конструкција со што ќе овозможиме простор за едукација на дупло повеќе млади ликовни таленти од Битола и битолско по што ДЛС Свети Кирил и Методиј Битола ќе може да има 4 паралелки [ од досегашните две ] од по 2О ученици поделени во групи од 6 до 8 деца кои како и 41 година претходно така и сега целосно бесплатно ликовно ќе се едуцираат.”

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

    По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…