Во рамките на Бит фест 2022, вторник 16-ти август 2022 год. во Центарот за
култура – Битола со почеток во 20.00 часот, по 12-ти пат ќе се одржи
манифестацијата „Незаборав“ песни за Битола – втор дел.
Со песни за Битола на концертот во живо ќе настапат познати естрадни
уметници од Битола.
Потсетување на претходните манифестации „Незаборав“: Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски (Буба мара), Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, Група „Битолски конзули“, Фестивалски фолк рефрени од битолчани, Драган Каранфиловски – Бојс и Песни за Битола – прв дел.
До новото издание, уживајте во првиот дел од „Незаборав“ песни за Битола.