Општина Битола ќе биде домаќин на еден ексклузивен настан во рамките на Битолското културно лето Бит Фест. Настанот наречен БАТ ЈАМ – ЌЕРКАТА НА МОРЕТО е всушност музичка и видео разгледница на градот Бат Јам од Израел. Концертот и придружните содржини ќе бидат претставени во вторник 16 Август во 21:00 во Офицерски дом,
Бат Јам е град сместен на медитеранскиот брег и прв сосед на древниот Јафо, пројави особен интерес за Битола во текот на изминатите 7 години заради тоа што негови жители се битолски и македонски еврејски семејства коишто таму се преселиле во 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Едно од нив било семејството на д-р Хаим Абраванел. Познат жител на Бат Јам е и уметникот Мати Грунберг којшто на Битола му го подари својот сончев часовник. Во Битола доаѓаше во три наврати 2016-2019 година и г. Ури Бускила, заменик градоначалник на Бат Јам кој се вљуби во шармот и пријателскиот дух на Битола. Неговата иницијатива да ги зближи двата града и дава на Битола и битолчани ексклузивна можност да се запознаат и остварат богати врски базирани на неверојатната различност помеѓу двете средини, но и на врските настанати преку човечкиот фактор – битолските Евреи кои себе си се препознаваат како Монастирли.