На 25 август на Олимпискиот базен во Битола се одржа единаесеттиот по ред Меѓународен пливачки натпревар во организација на СПД „Олимпик“ – Битола и тренерот Кире Марков.
И покрај неможноста овој спорт да се тренира преку целата година, градот има чест да се пофали и со натпревар од ваков карактер. На натпреварот учествуваа пливачи од многу спортски клубови во земјата, како и клубови од Србија, Косово и Австралија.
Тренерот Кире Марков на самото отворање на натпреварот изјави дека ова лето полни 60 години откако е во водите на Олимпискиот базен и најави дека има сила да научи да пливаат уште неколку генерации деца во иднина. Во градот важи за човек со голема душа кој низ сите овие години со најголем ентузијазам има научено многу дечиња да пливаат и да скијат.
На самото отворање беше поканета и Софија Бејковска која пред осум години на нејзина 29 годишна возраст стана првата битолчанка која го преплива Охридското езеро и за тоа лично му се заблагодари на својот тренер. Повторно апелираше за изградба на покриен базен во Битола кој битолчани го чекаат веќе долго време. Изградбата на базенот ќе придонесе за што е можно подобри резултати во иднина и формирање на големи пливачки таленти кои ќе претставуваат гордост за градот.
Како дел од натпреварот беше поставена и изложба на фотографии од 60 годишното пливачко искуство на Кире Марков, која можеше да се разгледа од посетителите.
По официјалното натпреварување се одржа и едно ревијално пливање на ветерани на 50 м слободно.
На натпреварот нашите битолчани освоија многу места во сите категории што покажува дека градот има значајни пливачки капацитети.
50 m слободно – мажи
2007-08
2 место – Бојан Лошкоски Ружинов – Олимпик
2009-10
3 место – Јаков Мицевски – Олимпик
4 место – Дамјан Петровски – Олимпик
2011-12
1 место – Матеј Војневски – Олимпик
4 место – Петар Ангелевски -Југ
5 место – Владимир Јованов – Југ
2013
1 место – Филип Петровски – Олимпик
3 место – Филип Лозановски – Олимпик
2014 и помлади
1 место – Елисеј Лазаров – Југ
2 место – Михаил Бучуковски – Олимпик
3 место – Давид Спасовски – Олимпик
50 m слободно – жени
2006 и постари
2 место – Ана Котевска – Југ
2009-10
1 место – Срна Лошкоска Ружинова – Олимпик
3 место Деа Ивановска – Југ
2011-2012
2 место – Рисима Ристоска – Олимпик
3 место- Никита Ангеловски – Олимпик
2013
1 место – Мила Петровски – Олимпик
3 место – Ава Србиновска – Олимпик
2014 и помлади
1 место – Теона Јовановска – Југ
2 место – Кристина Петровски – Олимпик
3 место – Леона Ендековски – Олимпик
50 m градно – мажи
2009 -10
2 место – Јаков Митевски – Олимпик
2014 и помлади
2 место – Давид Спасовски – Олимпик
50 m градно – жени
2011-12
2 место – Никита Ангеловски – Олимпик
2013
2 место – Мила Петровски – Олимпик
3 место – Ава Србиновска – Олимпик
2014 и помлади
1 место – Кристина Петровски – Олимпик
2 место – Мила Пејчиновска – Олимпик
3 место – Леона Ендековски – Олимпик
50 m грбно – мажи
2013
1 место – Алексеј Милошевски – Олимпик
2 место – Матео Србиновски – Олимпик
50 m грбно – жени
2006 и постари
1 место – Ана Котевска – Југ
2009-10
2 место – Срна Лошкоска Ружинова – Олимпик
2011-12
1 место – Рисима Ристоска – Олимпик
3 место – Матеа Јошевска – Олимпик
2013
1 место – Мила Петровски – Олимпик
2 место – Бјанка Михајловска – Југ
2014 и помлади
1 место – Кристина Петровски – Олимпик
2 место – Леона Ендековски – Олимпик
50 m делфин – мажи
2007-8
1 место – Бојан Лошкоски Ружинов – Олимпик
2009-10
2 место – Дамјан Петровски – Олимпик
2011-12
1 место – Матеј Војнески – Олимпик
50 m делфин – жени
2009-10
1 место – Деа Ивановска – Југ
2 место – Евгенија Јовчева- Југ
2013
2 место – Мила петровски – Олимпик
3 место – Ава Србиновска – Олимпик
2014 и помлади
1 место – Леона Ендековски – Олимпик
2 место – Јана Гаговска – Олимпик
3 место – Кристина Петровски – Олимпик
100 m слободно – мажи
2007 -8
2 место – Бојан Лошкоски Ружинов – Олимпик
2009- 10
3 место – Јаков Мицевски – Олимпик
4 место – Дамјан Петровски – Олимпик
100м слободно – жени
2009 -10
2 место – Срна Лошкоска Ружинова – Олимпик
3 место – Деа Ивановска – Југ
Рисима Ристоска, Никита Ангеловски, Ава Србиновска си ги подобрија личните резулати.