rek sindikat naslovna

Синдикатот на РЕК Битола традиционално, по повод Денот на рударите, ги организираше Спортските работнички игри. Вработени во комбинатот се натпреваруваа во три дисциплини во машка и две дисциплини во женска конкуренција. Најуспешните ќе бидат наградени, а Синдикатот најавува дека ќе додели награди и на десетина работници кои од минатиот до овој 28 август се истакнале со својата вредна работа во комбинатот.

Натпреварите во куглање се одржаа во кугланата на Спортската сала Боро Чурлевски. Кај жените најуспешна беше Наташа Велјановска, на второто место се пласира Даниела Јанкуловска, а трета заврши Даниела Петковска.

Во машка конуренција, најмногу кегли собори и го освои првото место Сотир Гулески, второто место му припадна на Борче Бејковски, а на третата позиција е Димче Петковски.

Најпрецизно во таблата за пикадо годеше Снежана Талевска, второто место го освои Елена Банаковска, а на третото место заврши Снежана Дојчиновска.

rek sindikat 1

Турнирот во бељот повторно беше една од дисциплините што привлече најголемо внимание помеѓу учесниците на Спортските работнички игри. На брегот на Преспанското езеро, во битолското феријално одморалиште во Претор, 19 пара се надмудруваа во оваа традиционална битолска игра со карти. а многубројната публика уживаше во нивните мајстории. На крајот, заа најдобар пар се прогласени Тони Ристевски и Тони Димовски. Второто место го освоија Васко Дисковски и Илија Дисковски, а на третото место се пласираа Оливер Митревски и Ѓорѓи Ѓорѓиевски.

Натпреварите од турнирот во мал фудбал се играа на Ракометното игралиште во Битола, a првото место го освоија вработените од екипата Недопирливи кои во финалниот натпревар ги совладаа колегите од екипата Брод. На третото место се пласира екипата Електро одржување.

Зеленилото може да ги разлади градовите и до 5 степени, покажува ново истражување
Климатските промени предизвикани од човековото делување веќе доведоа до зголемување на средните …
Европа добива своја алтернатива на Фејсбук и Инстаграм: Што нуди новата социјална мрежа „W“
Европа прави нов чекор кон дигитална независност со лансирањето на новата социјална …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…