НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола организира предавање на тема „Современите модели на родителство и нивните предизвици“.
„На предавањето ќе имате можност да слушнете од реномираниот доцент д-р Марина Кузмановска, лиценциран психолог и гешталт советник, која ќе ги истражи и дискутира современите пристапи во родителството. Овој настан ќе ги разгледа актуелните предизвици со кои се соочуваат родителите денес и ќе понуди корисни совети и практични алатки за успешно справување со нив“, велат од битолската библиотека.
Предавањето ќе се одржи на 29 август, четврток со почеток во 18 часот во Салата за промоции во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Кој е посреќен, а кој попаметен – љубителите на кучиња или мачки?
„Кавгата“ околу тоа дали се подобри кучињата или мачките трае отсекогаш, а …
Не заборавај кој беше покрај тебе кога ти беше најтешко
Во животот сите нè следат убави зборови кога сè оди лесно. Но, …








