girl 204327 1280

Убедливо најлоша навика која ни останува од студирањето е дека постојат два животи. Живот кога се мачиме и ни е тешко – во испитните сесии и животот кога уживаме – кога немаме испити.

Тоа е наивна лага дека ќе можете да уживате кога ќе завршите сѐ, кога ви е заслужено, кога сите коцки се поклопени, кога животот станува убав, а ние безобѕирни – нешто што никогаш нема да се случи!

Затоа што voila нова испитна сесија нѐ чека веќе наредниот месец. Или некоја нова животна несреќа или неправда, веднаш зад аголот. И продолжувате така да живеете и по дипломирањето.

Тоа и не е така страшно доколку не е во тек четитиресетта година, а животот никако да се сложи, се да се нареди – не успеавме да го направиме планираното и не сме безобѕирни.

Секогаш има нешто што треба да направаме, што нѐ нервира, или не ни дава мир, а најверојатно ќе се опуштиме и уживаме кога ќе умриме, на тој свет!

Постои едно прекрасно финансиско правило – секогаш плати си прво себеси.

Тоа значи дека прво треба да се испочитуваш себеси и своите потреби, а потоа сѐ друго, затоа што должниците и долговите секако ќе дојдат по своето. Тоа ќе нѐ мотивира да заработиме пари до крајот на месецот, кога баш ни догорува догорчето до ноктите, но барем малку сме си себеугодиле додека сме имале барем малку пари.

Слично треба и со животот. Најмудри се тие кои знаат да се опуштат и да уживаат, особено кога не им е заслужено и кога не им е сработено сѐ што треба.

Тие кои знаат да си угодат на себе дури и кога постои некој огромен проблем во нивниот живот кој трае долго време, а во тој момент не можат да го решат, па дури и да стојат на глава цел ден, едноставно се подобро дизајнирани за живот кој е просто непрестајна трка и борба. И вечна промена!

Да очекувате мир во океанот е прилично утописки. Но ако научите да ги правите делфинските скокови, дури и со полупразен стомак, дури и доколку никој не ве сфаќа за сериозно, дури и да не сте прифатени во јатото – веќе сте направиле многу. Играјте така и така треба да се игра! Со срце и за срце!

д-р Владимир Ѓуриќ

meblo trejd cizmi 1
Времето кое го поминуваме со миленичиња може да биде драгоцено, вели Фројд
Времето што го поминуваме со миленичиња дефинитивно ни помага да се чувствуваме …
Колку сте подлабока личност, толку ви е потешко да пронајдете некого
Длабоката личност е интензивна. Може да биде и малку застрашувачка – затоа …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…