Министерството за надворешни работи на Република Бугарија преку Државниот културен институт а во соработка со Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” од Битола – Мал Битолски Монмартр со поддршка на Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола и Културно – информативниот центар на Република Бугарија во Скопје најавената соработка ја реализираа со официјално отворање на специјална детска изложба во Софија.

софија 23

Имено по повод Светскиот Ден на детето 1 Јуни во Софија со дела од Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” од Битола – Мал Битолски Монмартр беше отворена изложбата насловена: “Од децата за децата од целиот свет”. Изложбата е поставена во главната приемна сала при МНР на Република Бугарија а истата по претходна најава ќе може да ја посетат дипломати и граѓани до 29.О6.2О22 година.

софија 29

На отворањето говореа директорката на Државниот културен институт при МНР на Бугарија – Снежана Јовева-Димитрова која ја истакна истрајноста во реализацијата на овој проект кој е поздравен од целиот дипломатско – конзуларен ешалон во Софија.

Директорката на Културно – информативниот центар на Бугарија во Скопје – Антонија Велева истакна дека при посетата на Битола пред 2 месеци беа воодушевени од мисијата и концептот на МБМ кој успешно го реализира Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” од Битола веќе 41 година па логично беше да се реализира овој Проект кој наиде на огромен интерес не само во Бугарија и Македонија,туку и во регионот.

софија 12

Генералниот конзул на Бугарија во Битола – Димитар Иванов акцентираше дека секој од присутните гости – дипломати – претставници на држави во Софија треба и мора да ја посетат Битола во време на реализација на култната детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” која традиционално се реализира без прекин 41 година во периодот од 23 – 3О мај. Проект менаџерот на МБМ Славчо Неделковски во име на тимот на Студиото предводено од Претседателот на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” од Битола, Елена Хаџи-Антоновска и ликовниот педагог Ангела Каранфилова пред присутните гости истакна:

МБМ и ДЛС “Свети Кирил и Методиј” од Битола се благодарни што се рамноправни партнери со три државни институции од Бугарија со кои ја реализираат оваа изложба која пред се има племенит карактер и акцент кон децата што се есенцијален централен фактор за мисијата за организацијата.

Неделковски истакна дека од следната година отворена е идејата по Колонијата на МБМ да се реализира детски ликовен караван со изложби во Битола – Скопје и Софија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…