На денешен ден пред 21 година, битолчаните Влатко Миленковски и Благојче Силјановски, како и Пеце Матичевски од Новаци, беа тројцата воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот Корпус, кои во заседа загинаа во близина на селото Гајре.

21 година од смртта на нашите херои, тие беа припадници на резервиот состав на АРМ, ангажирани преку одделението за одбрана, сегашен реон за одбрана каде сум раководител. ова чевствување веќе 19 години го практикуваме, последните две години заради корона вирусот беа скратени активностите, но од оваа година продолжува и фудбалскиот меморијален турнир, истакна д-р Менде Солунчевски, раководител на реонот за одбрана за Битола, Демир Хисар и Ресен.

Пред споменикот „Ангел“ во паркот кај Градскиот часовник и пред споменикот во касарната посветен на загинатите бранители, во нивна чест цвеќе положија голем број делегации.





















