Сунај Мифтар од Битола, дипломиран студент на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје е кикбоксер кој целосно се насочи кон зајакнување и надоградување на себеси со цел да ја развива кикбокс кариерата. Сунај Мифтар има учествувано на повеќе натпревари како на национално, така и на интернационално ниво. Искуството на Мифтар ни зборува за борбите со престижни и доста квалитетни противници со кои се соочил во својата кариера досега. За борбите, натпреварите, импресиите, ефектите и последиците од истите повеќе ќе дознаеме од интервјуто со Сунај Мифтар за Читај бе.

283432970 408884314448811 1987802899883326918 n

Читај бе: Сунај, пред да навлеземе подлабоко во темата, би сакала кратко да го споделиш со нашите читатели твоето искуство во кикбоксот. Колку долго тренираш кикбокс, што сé е потребно за да напредуваш во овој спорт и колку време ти беше потребно додека да собереш храброст и сила за првото односно почетничкото натпреварување?

281892063 697927741317504 2998504395132011870 n

Сунај: Кикбокс тренирам повеќе од половина мој живот,започнав во 2009 година на моја 10 годишна возраст па еве веќе 13 години кикбоксот е мој живот.
Уште од самите мои почетоци никогаш не бев најталентираното, најпреспективното или најдоброто дете во клубот но љубовта кон спортот, посветеноста и напорната работа ме направија да бидам тоа што сум денес и токму тие фактори би ги наведил како главни за напредок во спортот, а и општо во животот.Според мене границата помеѓу храброста и лудоста скоро не постои, па така и јас по само две недели тренирање доброволно се пријавив на моето прво интерно клубско такмичење на кое што успеав да издвојам победа на првата борба и пораз во финале.

283606055 676555106780274 4740639230319339263 n

Читај бе: На колку натпревари си учествувал и кои награди си ги освоил?

Сунај: До сега сум учествувал на повеќе меѓународни аматерски натпревари во различни федерации и голем дел од нив сум ги освоил, а сега веќе запливав и во професионалните води со резултат од 4 победи и 2 порази.

282383800 743001543395461 6734847374543241630 n

Читај бе: Колку дозволуваш овој спорт да влијае врз твојата психичка состојба и како успеваш да ја контролираш оваа состојба пред моментот на настап на кикбокс сцената?

Сунај: Одговорот на ова прашање би го започнал со еден цитат од славниот уметник Винсент ван Гог: „Ги ставив моето срце и душа во мојата работа и го изгубив умот во тој процес.” Со ова сакам да го нагласам влијанието на овој спорт врз мојот живот и мојата психичка состојба. Едноставно кикбоксот е мојот живот, јас сум кикбоксот. Не знам што би бил во животот ако не кикбоксер. Самата оваа помисла ми помага да се справам со притисокот, стресот, стравот и адреналинот  пред борба. Бидејќи јас сум сонувал и сé уште сонувам за овие измешани емоции. Сум сонувал за соочувањето со противникот на контролното мерење, извикувањето на моето име пред публика, патот кон рингот и самата борба. Во мене се буди чувство кое не можам да си го објаснам ни на самиот себе.

Читај бе:  Можеш ли да ни доловиш дел од емоциите со кои се соочуваш откако ќе излезеш како победник и оние емоции кои се јавуваат при пораз? Која е разликата и што сé си научил од ваквите искуства?

Сунај: Победата и поразот се брат и сестра. Никогаш не смееме да дозволиме победата да делува врз нашиот мозок и поразот врз нашето срце. Спортот како и животот е полн со подеми и падови, но на крај само најупорните успеваат.
Во мојата кариера сум имал победи од кои воопшто не сум задоволен од самиот себе и порази од кои сум задоволен од мојот пеформанс и сум научил огромни лекции кој ја градат мојата личност и кариера.

283420456 366021085405364 5572899569173311064 n

Читај бе: Што се е потребно за одржување на менталното и физичкото здравје при подготовката за настап на кик бокс сцената?

Сунај: ТРЕНИНГОТ, напорната работа е лек за одржување на моето ментално здравје. Не ги потценувам другите спортови кои се игри, но за разлика од нив боречките спортови конкретно кикбокост не е игра. Во нашиот спорт не постојат изговори од типот: „добра асистенција направив, ама напаѓачот не даде гол”, нема кој да нѐ замени доколку не „играме” добро. Затоа сите борци треба сериозно да си ја сфатиме оваа работа која е модерно гладијаторство. Јас лично мислам дека победата е резервирана за оние кои се подготвени да ја платат нејзината цена. Затоа напорната работа е на прво место во мојот живот, што повеќе тренирам толку повеќе верувам во себе. Правилната исхрана, соодветниот тренинг и одморот се клучни за одржување на физикото здравје на еден борец или спортист.

282789452 737652514054329 2045516526909826107 n

Читај бе: Доколку има едно нешто кое би сакал во иднина да го промениш во кикбоксот, кое би било тоа нешто?

Сунај: Боречките вештини и спортови сите се слични едни на други, кога ги гледа некој лаик тешко е да најде разлика помеѓу нив, а за тоа да биде уште покомплицирано кикбоксот покрај тоа што се дели на аматерски и професионален се дели и на уште 6 други натпреварувачки дисциплини и настанува тотален хаос кај гледачите. Затоа би сакал кикбоксот да се доведе на една дисциплина која ќе биде поделена на аматерски и професионален кикбокс.

Screenshot 2022 06 03 at 23 16 08 Facebook

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…