На иницијатива на тренерот Борче Марковски кој работи професионално на Фарски Острови, повторно се сретнаа дел од играчите на женскиот ракометен клуб „Пелистер” кој што пред точно 20 години ја имаше најуспешната сезона во својата историја, 14 натпревари -14 победи.

пелистер 8

Во сезоната 2001/02 новоформираната екипа предводена од Марковски беше доминантна на домашната сцена во Првата женска ракометна лига и успеа за само една година постоење да обезбеди пласман во Супер лигата. Покрај натпреварите во домашното првенство, битолските „амазонки” имаа и меѓународни натпревари во соседна Грција каде убедливо беа први на два турнири во Аминдео и Лехово, играјќи и против јуниорската репрезентација на јужниот сосед. На средбата дел од играчите (Александра Здравевска, Марија Бачевска Павловска, Александра Бојкоска, Марина Кузмановска, Милена Котевска, Кристина Кузмановска, Надица Тунтевска, Оливера Груевска) и стручниот штаб (Борче Марковски, Владимир Прчков, Илче Димовски-Дади и Илија Николовски) се потсетија на натпреварите, настаните и патувањата од пред 20 години.

пелистер 7

Текст и фотографии од Владимир Прчков

Претплатете се за новости

You May Also Like

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…