31-годишната Марија Ефанова-Кузманоска е Русинка која благодарение на љубовта сега живее во Битола, заедно со својот сопруг и двегодишниот син. Со Марија се запознавме на базарот на ракотворби „Во срцето на Битола“, а се воодушевивме кога ги видовме уникатните парчиња накит, секое со посебна приказна и шарм, секое парче со различен цвет кој ја раскажува својата приказна. Со неа поразговаравме за Битола, како го научи македонскиот јазик, кога започна со ова хоби и што планира во иднина. За жал, бидејќи не може повеќе да набавува епоксидна смола од Русија, наскоро нема да може да ги изработува овие парчиња накит. Но, затоа пак, се надева дека ќе и се исполни желбата за да има мал хотел, што е всушност нејзиното образование, студираше на специјализациja за хотелски и туристички бизнис во Москва.
Читај бе: Марија, прво кажи ни нешто за тебе…од каде си и како се случи да дојдеш и да живееш овде во Битола?
Марија: Здраво, ви благодарам за интересот за моето хоби. Jaс сум Мариja, Русинка, имам 31 година, по потекло сум од Казахстан, но поголемиот дел од животот живеев во Москва и тоа е најважниот град за мене бидејќи таму учев во училиште, таму студирав и работев. Во Битола се преселив бидејќи се запознав со моjот сегашен сопруг Македонец и тука живееме заедно веќе 5 години и имаме 2 годишен син.
Читај бе: Како се навикна на животот овде? Тешко ли беше да се совлада јазикот?
Марија: Да се навикнам на животот во Македонија за мене не беше лесно. Првата година воопшто не зборував македонски jaзик и немав занимациja, што беше наjтешко за мене, бидејќи последните 8 години пред да доjдам во Македонија имав стабилна работа и занимациja. Сé уште ми е тешко и после 5 години да се навикнам на зимското време во Македонија, тука дома треба да носам многу облека бидеjќи нема парно Во Русија во зима надвор имаме -30, а во становите +30
Jaзикот не ми беше многу омилен и затоа не го прифатив одма, но со текот на времето и поради моето хоби каде што треба да комуницирам со луѓе секоj ден за нарачки побрзо го научив jaзикот. Сега слободно зборувам македонски jaзик, но сé уште не многу правилно.
Читај бе: Што е она што најмногу го сакаш во Битола, а што е она што најмногу ти смета?
Марија: Ja сакам Битола поради архитектурата и околната природа и убавините. Исто така ми се допаѓа што се уште е мирен и безопасен град. Но има многу различни работи што не ми се допаѓаат, како и во цела Македониja. Би сакала во Битола да има повеќе културни центри за занимациja за деца и родители. Би сакала тука да има разични мастер класови за занимавање и хоби за млади, како цртање со маслени бои, флористика, готвење на различна меѓународна храна, моделирање од глина, изработка на сапун и.т.н.
Читај бе: Да поразговараме за она што ти го правиш – создаваш мали уметнички дела од епоксидна смола. Како и кога започна со изработката на накит?
Марија: Со епоксидна смола почнав да работам во декември 2018 година, бев многу влубена во оваа техника. Имав приjaтелка Русинка тука во Битола, таа работеше со накит од епоксидна смола и ме инспирираше за да почнам и jac. Се научив сама, нешто читав на интернет, но повеќе пробав сама, учев од своите грешки и експериментирав.
Читај бе: Она по што е карактеристичен твојот накит е што користиш вистински цветови. Каквио цветови користиш, каде ги собираш?
Марија: Цветови собирам во Македонија, на Пелистер, во Охрид. Кога одам во Москва каj моите родители и таму собирам цветови во градина, во околната шума, ги сушам и после ги носам во Македонија. Исто така и епоксидната смола што ја користам за накитот ја носам од Русија, бидејќи за жал тука нема квалитетна смола за изработка на накит со природни цветови.
Читај бе: Твоите парчиња накит најчесто се само по еден примерок, уникатни. Колку е важно да се носи едно уникатно парче на себе?
Марија: Да, секое парче е уникатно, како и секое цвеќе во природата што е уникатно. Секогаш им го кажувам на моите клиенти тоа што немам можност да изработам повторно идентично парче од накит. Многу клиентки бараат да изработам уникатно парче, да нема друго такво. Повеќе работам за индивидуални нарачки и на уникатност.
Читај бе: Колкав е интересот за купување на твојот накит? Кој е најмногу заинтересиран?
Марија: Да ви кажам искрено до 2020 година имаше многу голем интерес, нарачки и муштерии. Бев на многу различни пазари за ракотворби, но и имав и повеќе време за работа и за собирање на цветови, бидејќи сега имам дете и немам можност да посветам 100% од себе за правење накит, и повеќе работам навечер кога детето заспива. Инаку преку ден немам време, коj има деца и нема околу себе родители, ќе ме разбере. Наjмногу нарачуваат за подарок и повеќе муштерии имам од Скопје и Велес.
Читај бе: Кои се твоите планови за во иднина? Можеби да научиш некоја нова техника за изработување накит?
Марија: Искрено, не планирам да продолжувам да работам со накит од епоксидна смола во иднина, поради многу причини. Моментално имам уште само малку епоксидна смола од таа што ја носам од Русија и повеќе немам можност да изработувам накит, а и немам можност да донесам од Русиja. Во Македонија пробав да работам со различна епоксидна смола, но ни една не ми одговара по квалитетот за работа со природни цветови. Во иднина планирам нешто друго, многу ми се допаѓа флористика, би сакала да имам некоj моj мал простор за да работам со цветови. Исто така би сакала да имам и своj мал хотел, уште од кога бев мала имав таква желба, затоа и студирав на специјализациja за хотелски и туристички бизнис. Засега ова е само како моја желба, а дали ќе се претвори во реалност или не ќе видиме.