ПСК „Олимпус Монс” ги поканува битолчани на несекојдневен целовечерен музичко-сценски настан кој ќе се одржи на Големо Езеро(2218мнв) под отворено небо во Национален парк Пелистер. Настанот е во рамките на Бит Фест.

Високо под ѕвездите1

На Големо Езеро ќе свири „Сити Бенд“ кои со својот акустичен перформанс ќе се претстават на една од најубавите природни сцени во Македонија.

Високо под ѕвездите

Сите кои ќе бидат дел од несекојдневниот настан, паралелно, ќе имаат можност преку телескопот на астрономот Радан Митровиќ да ја набљудуваат Месечината, Јупитер и Сатурн.

Магијата продолжува до раните утрински часови кога заеднички ќе се упатат кон Врв Ветерница и од таму ќе го набљудуваат изгрејсонцето над Големо Езеро.

Поаѓање: 16.07.2022 (сабота) од Нижо Поле – патека по Дебел Рид – Големо Езеро.

Почетна точка – Лак поток 1,200 мнв
Прва пауза – Чешма Мичо Муши 1,700 мнв
Втора пауза – Карпа 1,900 мнв
Трета пауза – Поток 2,100 мнв
Пристигнување на Г. Езеро 2,218 мнв

Висина на Врв Ветерница – 2,420 мнв

Тежина на патека – Средно тешка
Предвидено време за искачување – 3ч
Должина на патека – 6км
Вкупна денивелација – 2,400 метри

10.000 евра и 100% стипендија за Бреинстер НЕКСТ факултетот за Дамјан Давков, победникот на најголемиот математички натпревар UltiMATH
По два дена исполнети со многу возбуда, знаење и натпреварувачки дух, Македонија …
Реалниот христијанин денеска е личност којашто е често непочитувана, исмејувана, прогонета
Човекот кој има реална љубов во него за луѓето околу него – …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…

Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…