Во Старата битолска чаршија, синоќа се одржа јубилејното 10-то издание на Фестивалот на електронска музика во организација на Асоцијација 615, кој е во рамките на Бит Фест.

smotra 2

„По девет непрекинати изданија, обединувајќи ги најдобрите таленти успеавме да изградиме и одржиме фестивал кој претставува дестилатор на најдобрите електронски звуци во Македонија. Со необичните локации (запуштени објекти во поранешната касарна, старата чаршија, подземни гаражи итн.) и внимателно избрани изведувачи кои настапуваат со енергични ди-џеј сетови и настапи во живо, СМОТРА претставува одлично место за сите перфекционисти и љубители на алтернативната култура“, велат организаторите.

Јубилејното 10-то издание се одржа во улицата на занаетчиите во Старата битолска чаршија.

smotra 10

– Досега сме го организирале на локации кои за обичниот човек се тотално неатрактивни, но ние гледаме убавина во запуштени фабрики и мислиме дека има голем потенцијал да преминат во мултимедијални центри. Настанот го збогатуваме со осветлување, видео проекции, уметнички дела се промовирале, на секој начин да се искористи просторот. Оваа улица има посебен шмек, улица на занаетчиите, ни се допаѓа архитектурата во битолската чаршија, која има потенцијал за вакви настани. Супер идеја да се децентрализира забавата од Широк Сокак тука во старата чаршија, како што е пракса во поголемите метрополи, историските улици ги користат за културно-уметнички настани, вели Иван Литовски од Асоцијација 615.

Овој мултимедијален проект во форма на музички фестивал е креиран од млади ентузијасти со цел да ја децентрализираат електронската музичка сцена и да ги приближат младите до современите уметности, велат од Асоцијација 615.

Фото: Саше Богоевски

Претплатете се за новости

You May Also Like

Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…

Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…